1603

by bogdan 19:46
19:46

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КАДЕ СЕ 80 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ?
Речиси целата помош од ЕУ за енергетската криза била искористена за краткорочни мерки, додека останува нејасно колку од средствата навистина стигнале до најранливите категории граѓани.

РЕКОНСТРУКЦИЈА
На премиерот Мицкоски одлично му е познато дека во политиката, реконструкцијата најчесто се објаснува на два начина – првиот за да се даде дополнителен импулс, енергија и амбиција, нешто што почнало некакво движење уште повеќе да се забрза и за временски кус рок да се стигне до посакуваната цел.

СТРАЗБУР СТРАТЕГИЈА
По смената на власта, можеби, многумина очекуваа дека и државата ќе ја „омекне“ својата одбрана во Судот за човекови права во Стразбур, каде што правдата ја бараат некогашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како што дознаваме, ситуацијата воопшто не се променила.. Државата останува на ставот дека предметите на СЈО треба да опстојат.

КАРПОШ
Додека Лукровски „боледува“, ВМРО-ДПМНЕ продолжува. Ова не е само приказна за локална политика, туку за потенцијален административно-правен скандал и политички маневри зад затворени врати, кои го отвораат прашањето – кој навистина раководи со парите и урбанизмот во една од најбогатите скопски општини?

УСПЕХОТ
Ако партијата или светската сила е навистина моќна, тогаш надменоста е логичен пристап. Ама логичен е и обратниот пристап, кога структурата е гола вода реално, ама затоа ќе се однесува надмено и вообразено, за сите да помислат дека е голема сила во прашање.

БРИТАНИЈА
Во модерната британска политика, ретко кој лидер доаѓал на власт со толку големи очекувања како Кир Стармер. По речиси една деценија исполнета со политички турбуленции, голем дел од британската јавност веруваше дека неговото доаѓање означува почеток на нова ера на стабилност и институционална предвидливост.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Правилото што го афирмира Макијавели е дека „еден владетел што целосно се потпира врз среќата пропаѓа тогаш кога среќата ќе се смени“, а, „задоволен е оној што го приспособува своето однесување со потребите на времето, додека несреќен е оној чие однесување е спротивно на времето.“

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наравоучение: санаториумот Македонија секогаш изобилувал со родоотстапници и неразбрани трговци. Оттаму и поговорката: „Од тројца Македонци, еден е комита, вториот војвода, а третиот кодош“.

Ана ПАНОВСКА
Ќе мора да се помириме дека со Мицкоски за Македонија не важи слоганот на Словенија кога се спремаше да стане членка на ЕУ: „ЕВРОПА ЗДАЈ!“. Македонија со Мицкоски се држи до слоганот: „ЕВРОПА НИКДАР“!!!

м-р Владо ЈОВАНОСКИ
Граѓани на сите поранешни држави-членки во СФРЈ и Албанија, од вашиот избор зависи дали ќе бидете управувани од неписмени, корумпирани и духовно бедни политичари, кои до недоглед ќе си поигруваат со вашето достоинство, со вашите и со животите на вашите најблиски.