Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА
Интеграцијата во ЕУ е стратешка државна цел, која, доколку не се оствари, може да предизвика негативни импликации на внатрешен план, но и во регионална и геополитичка смисла. Ако за нешто има цврста согласност меѓу Македонците, Албанците и другите етнички заедници, тоа е интеграцијата во ЕУ.
СГС ВОСКРЕСНА
Во времето на СДСМ, турбо работеше „Никоб“, која само за четири години потпишала тендерски договори во вкупна вредност од 40 милиони евра. Сепак, како доаѓаат „вмровците“ на власт нејзината работа стагнира, но затоа на голема врата се враќа СГС.
БЕЛАТА ПАЛАТА
Овие два месеци, предметот „Талир 2“, дури и да се движи со брзината на брзата птица Итрица, речиси е невозможно да стигне до правосилна пресуда во Апелација. Сите шанси за победа се кон ВМРО-ДПМНЕ, односно се поблиску се до одмрзнување на имот во вредност од 16 милиони евра.
ИНТЕРВЈУ | АФРИМ ГАШИ
За реформската агенда, во која најжежок костен во рацете е консензуалното носење на Изборниот законик, но и за тоа што сработил парламентот на половина од мандатот, „Фокус“ разговараше со претседателот на највисоката претставничка институција за граѓаните, Гаши.
НИСКИОТ РЕЈТИНГ
Добрата страна на тоа што нашиот правосуден систем „ужива“ во довербата од само два отсто од граѓаните е што ако власта тргне да го затресе од корен, само два отсто од народот ќе се засекира, додека другите 98 отсто ќе чекаат да видат што ќе се случи.
ЕВРОПА ВО „ТРКА“ ЗА ОРУЖЈЕ
Европа денес не маршира кон војна, но дефинитивно маршира кон милитаристичка филозофија. Ерата во која европските граѓани веруваа дека безбедноста е загарантирана, а американскиот чадор е вечен, полека завршува.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Тестот за пријателство, според Макијавели, е следниов: „Оној што не ти е пријател, ќе сака да останеш неутрален, додека оној што ти е пријател, ќе бара да се определиш со оружје“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Метафората „Балкански санаториуми“ е литературна, социолошка и културолошка, со која се опишува субрегионот Западен Балкан како изолиран простор со специфично „исцелување“ на духот, но и хронична општествена и политичка нестабилност.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Каде крадат, па уште и лажат! До кога ќе нè сметаат за благо политички ретардирани, слепи при очи и глупави при уши. Не знам зошто партиите и, особено, нивните „лидери“ веќе еднаш не разберат дека на граѓаните им е преку глава од нивните прости лаги.
Ана ПАНОВСКА
За жал, многумина обмислени луѓе воздржано реагираат на лошите политики на оваа влада, плашејќи се да не бидат означени како приврзаници на СДСМ. Не, бе дечки, оставете го СДСМ, тој ја заврши својата работа.