Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЛАЖЕН РЕФОРМАТОР
Најпаметно ќе му биде на Мицкоски да ги засука ракавите и да почне да го работи тоа што му го вети на народот. Не го гласаа за џабе, со исклучок на тие што гласаа за партиски вработувања.
КОРУМПИРАНИ ПСИХИЈАТРИ
Во Демир Хисар завршувале осуденици со лажни психијатриски дијагнози за да се спасат од затворските решетки. Сомнежите за ваквите злоупотреби постојат со години. Постои таканаречен „криминален триаголник“, кога осудениците стануваат лажни пациенти, но и клиенти на дел од психијатрите.
ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ
Премиерот предложи идните пензионери најнапред да ја користат заштедата од вториот столб, а потоа да преминат на исплата од ПИОМ. Од МАПАС предупредуваат дека ваквата промена би можела да има значајни последици за идните пензионери, државните финансии и функционирањето на пензискиот систем.
ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ
Дали промената на лидерските позиции во двете партии, што, според најавите на Мицкоски и сигналите на Ахмети, треба да се случи безмалку истовремено за неколку години, може да создаде атмосфера за повторна соработка?
РЕКОНСТРУКЦИЈА
Смената на Филков во Правда беше најголема „запнувалка“ во преговорите за реконструкција што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со ЗНАМ, а по што според првичните проценки, партијата на Максим Димитриевски излегува со ослабнати позиции во извршната власт.
БУГАРИЈА НА РАСКРСНИЦА
Политичката криза што повторно ја тресе Бугарија ги отвора прашањата за иднината на владеењето на Радев, геополитичката ориентација на земјата и можните последици врз односите со Македонија.
АМБИЦИЈА
Додека СДСМ органски не може да замисли да биде што било, освен на прво место или на второ место на политичкиот пиедестал, а сосема истото може да се каже и за ВМРО-ДПМНЕ, што во голема мера ги ограничува во изборот на тактики и стратегии, сите други партии може да играат послободно, и да се надеваат на „трето место“.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Бројни се лекциите што ги учиме читајќи го делото на Николо Макијавели, но, веројатно, најважната е онаа што нè учи да ги гледаме луѓето такви какви што се, а не такви какви што би требало да бидат.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во современата психијатрија, омразата кон луѓето воопшто се дијагностицира како мизантропија, но колку што ми е познато, сè уште нема дефиниција за социопатскиот душманлук кон сопствениот народ!?
Ана ПАНОВСКА
Нашава влада сака да биде горда, непопустлива, ама остава поединци да коленичат пред туѓи шалтери за туѓи пасоши зашто таква била „волјата на народот.“
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Живееме во тегобна сегашност и во крајно неизвесна иднина! Не случајно државата ја напуштаат (бегаат) младите и квалитетни кадри, кои, сосема логично, одбиваат да живеат во услови на правна несигурност, политички и правен криминал и корупција…