1595

by bogdan 19:45
19:45

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА
Дали лекарите се свесни дека нешто што влегува преку црниот пазар, којзнае како и на која температура се транспортирани естетските препарати, може да ги уништи луѓето што се боцкаат и тоа не ни малку шега. Значи, за здравјето се работи.

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ
Со Шилегов разговаравме за тековниот судски процес за страшната трагедија во кочанската дискотека „Пулс“. Тој, како бранител на еден од обвинетите, вели дека со вака поставено обвинение, не очекува правда и потенцира дека првостепена пресуда би имало дури за пет години.

ЗАКОН ПРОТИВ ПУШЕЊЕ
Тутунската индустрија предупредува дека овој закон нема да ги постигне прокламираните цели, туку само ќе ја стимулира сивата економија и ќе води кон неконтролирана продажба и сериозни загуби за буџетот.

ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО
Со покачувањето на температурата на водухот се појавија наслагите што пливаат по површината на загаденото езеро Младост. Две години по екохаваријата почна да се реализира планот за спас на акумулацијата од страна на ЈПВ Лисиче, но сè уште не е испитано дали во водата има цијанотоксини.

ПРЕВИРАЊА ВО ОПОЗИЦИЈАТА
Во текот на мај, но поверојатно со почетокот на летото, кон крајот на јуни, пред јавноста, преку свои претставници ќе се презентира опозициската Платформа, како што велат оттаму, како суштинска потреба за вистинска политичка алтернатива на актуелната власт, која во моментов ја нема.

ЕВРОПА И ЕУ ДО 2050 ГОДИНА
Стариот континент ќе мора да биде помеѓу моќта и доминантната идеологија на автохтоните народи. Двете сигурно не може да ги задржи. Франција, Италија, Шпанија, Германија… се пред избор. Или масовно ќе се исламизираат и африканизираат, или ќе завршат како туристичка дестинација без никакво влијание и моќ.

НА НЕКОИ ЏЕБОТ ИМ Е ТАТКОВИНАТА
Утре Бугарија може да рече дека Христијан Мицкоски има бугарско државјанство ако тој не игра по нејзините ноти, и човекот како ќе докаже дека нема, штом ете и Бугарија, а и од опозицијата ќе велат дека има?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Заклучокот до кој доаѓа Макијавели е дека „оној што ќе стане владетел на слободен град и нема да го уништи, може да очекува да биде уништен од него, зашто тој секогаш ќе може да најде мотив за востание во името на слободата“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Партиските телали ги повикуваат граѓаните од дијаспората да се вратат и да инвестираат во Македонија. Е, ако тоа не е заглупавување и онадење во мозок, здравје му кажи!

Ана ПАНОВСКА
Прво, мора да се знае дека треба да добиеме не една, туку 27 гаранции поединечно од секоја држава-членка на сојузот наречен Европска Унија. И, добро. Да си замислиме дека од сите ЕУ-држави, меѓу кои и од Бугарија, сме ја добиле таа гаранција, написмено!