1596

by bogdan 19:55
19:55

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КРВОЖЕДНИ ДЕЦА
За почеток, доволно е да подзапреме. Да ги видиме и слушнеме децата, бидејќи во спротивно сите заедно учествуваме во одгледување општествени насилници. Системот, во овој случај, ни е најмалку крив.

КИЧЕВО-ОХРИД
Автопатот во должина од 57 километри почна да се гради пред 12 години во 2014 година, а од тогашниот премиер Никола Груевски беше најавена како најголема инфраструктурна инвестиција во последните 50 години. Досега не чини 800 милиони евра!

ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ, ИЛИ ЛУЃЕ?
Се избира само компанијата што ќе го врши прскањето, но тајна останува клучната фирма – која го обезбедува средството против прскање. Односно кој е биоцдот што ќе се користи за да се уништат комарците и дали тој ги исполнува условите или сè е само замачкување очи?

НАМЕСТО ДА ЌАРИМЕ 19 МИЛИОНИ ЕВРА, ЌЕ ПЛАТИМЕ 6 МИЛИОНИ
Меѓународниот арбитражен трибунал пресуди во корист на босанската компанија „Енергоинвест“, откако АД МЕПСО го раскина договорот за изградба на далноводот Македонија – Албанија поради неисполнети обврски.

ПУШЕЊЕ
Доколку актуелниот предлог-закон за заштита од пушењето биде усвоен, Македонија би вовела речиси целосна забрана за пушење во затворени простории, што ја доближува земјава до најстрогите европски практики

ПАТОТ КОН ЕУ
Според последните сигнали од Брисел: прашањето повеќе не е дали Црна Гора и Албанија ќе станат членки, туку кога точно ќе се случи тоа и какви ќе бидат последиците за остатокот од регионот. За Македонија, пак, тоа може да биде и меч со две острици.

ГУЖВА ПРЕД ГОЛ
Значи, целосна доминација на Христијан Мицкоски и неговата екипа во првото полувреме, во првите две години од владеењето, ама второто полувреме штотуку почнува. Нема да биде исто.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Заклучокот до кој доаѓа Маијавели е дека „оној што ќе стане владетел на слободен град и нема да го уништи, може да очекува да биде уништен од него, зашто тој секогаш ќе може да најде мотив за востание во името на слободата“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Особено опасно е опаѓањето на логичко-јазичната способност затоа што директно задира во капацитетот на разбирање на текстот, носењето заклучоци и способност за критичко размислување. Идеална подлога за брутални манипулации, тотална контрола и заглупавување.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Иднината е неизвесна! И тоа не само за нас, туку и за самата ЕУ. На патот кон и во таа неизвесност се потребни мудрост, слога и храброст по сите основи, а не мало граѓанство и ситнопартиски калкулации.

Ана ПАНОВСКА
Џабе ќе бидат сите инструменти на партиската држава на Мицкоски кога на врата ќе тропнат „удбашите“ на ЕУ. Џабе, исто така, им е и надежта на вмровците дека „кај да е“ Европската Унија ќе се распадне.