Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
НЀ ПРСКААТ СО НЕРИГИСТРИРАНО СРЕДСТВО ПРОТИВ КОМАРЦИ
Главното прашање е кое е средството со кое многу години се прска против комарци и дали воопшто има некаков ефект? Всушност, се корист биоцид, кој не е регистриран за прскање од авион. А клучното е како тоа влијае врз здравјето на граѓаните.
ХОТЕЛОТ НА БЕТОН
Стечајот на некогашниот градежен гигант завршува со реорганизација. Фирма поврзана со зетот на Минчо го спасува скопски „Бетон“, недоградениот хотел до седиштето на ВМРО се легализира по судски пат!
РУДНИКОТ „КРСТОВ ДОЛ“
Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја предводи директор со менаџерско потекло и која влезе во бизнисот со производство на струја заедно со МПЦ.
СУДИЈАТА РИСТОВ
Во јавноста провејува мислење дека на судијата Ристов не може да му се суди за „Перење пари“, бидејќи парите ги сокрил, наместо да ги пушти во оптек, односно да купи нешто и да ги „испере“. Сепак, законот јасно прецизира дека и самото криење на незаконски стекнати средства значи перење.
БУГАРСКИОТ „УРАГАН“ РАДЕВ
Да не заборавиме, Радев е креаторот на барањето „Бугари во Устав“, како услов да се помести евроинтеграцискиот пат. Исто како што и творец на политичката флоскула „Поддршка за Македонија во ЕУ – да, но не и за македонизмот.“
ШТО ЗНАЧИ ПОБЕДАТА НА РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Победата на Радев на претседателските избори во Бугарија не претставува само уште една рутинска политичка потврда на неговиот мандат, туку сигнал за континуитет на една специфична политичка линија.
МАЛКУ Е ПОДОБРО ОД СЀ
Една добра страна од убедливата победа на избори е што победникот има „луфта“ да влече непопуларни потези, па, на пример, следниве недели се добра шанса да се притисне со помош на Брисел новата влада во Бугарија да не го блокира нашиот пат кон евроинтеграциите.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Макијавели „извлекува општо правило, кое никогаш, или ретко, се покажува за погрешно: дека тој што е причината друг да стане моќен, се уништува себеси.“
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Свето тројство“ на (анти)системот Мафијадонија се политикантството, клиентелистичките интереси и партизанштината. Парите и власта се главна мотивација на мафиите облечени во власт.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Судиите и обвинителите не се глупави луѓе. Напротив, станува збор за луѓе што успешно научиле како да пливаат во водите на партиската држава и притоа скапо да ги наплатат своите „правни“ услуги на партиите и нивните „лидери.“
Ана ПАНОВСКА
Македонија ќе си остане изгубена и надвор од Европа и ќе ги бара, море ептен ќе моли да се вратат пропуштените денови, но ќе ѝ недостига време и тогаш дебело ќе се кае што така слепо му веруваше на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го врати името.
м-р Владо ЈОВАНОСКИ
Развојот и имплементацијата на ВИ е незапирлив и бескраен процес, но, исто така, мислам дека е тоа и бескрајно опасен процес, односно глобална безбедносна закана по опстанокот на човештвото.