Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СЛАВНИОТ КРАЈ НА ГРУЕВСКИ
Груевски беше диктатор со тапија и во државава и во партијата. Никој не смееше да му мрдне. Додека ја имаше целосната контрола во свои раце важеше за страв и трепет.
ГРУЕВСКИ БИРА, РУСИЈА ИЛИ ТУРЦИЈА?
Минимални се шансите дека Груевски ќе реши да се врати дома, бидејќи, макар и на кратко, ќе мора да влезе в затвор, а од друга страна, има на располагање две достижни опции за продолжување на неговата слобода. А, тоа е, да се засолни во Русија или во Турција.
ПИЈАНА ДИПЛОМАТИЈА
За македонскиот амбасадор во Русија, Ненад Колев, се испостави дека предизвикал инцидент среде Москва во алкохолизирана состојба. Иако овој „скандал“ се случил пред 2 години, сепак тој беше обелоденет сега, додека земјава водеше т.н. стратешки дијалог со САД.
ЗОШТО СЕ ЗАТВОРИЈА 14 ПРИВАТНИ НАУЧНИ ИНСТИТУТИ
Во Струга беа затворени два институти, Институтот за европјанистика и меѓународна политика и Институтот за економски развој и еколошки менаџмент, кои биле основани од Меѓународниот универзитет, чиј косопственик бил синот на Мерко.
ИНТЕРВЈУ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА РЕКТОР НА УКИМ
„Фокус“ во овој број ви ги претставува кандидатите за ректор на УКИМ. Во трката за нов прв човек влегуваат актуелната ректорка – Билјана Ангелова и професорот на Машинскиот факултет, Дарко Данев.
ПОРАЗОТ НА ОРБАН
Поразот на Орбан не е приказна со едноставен епилог. Тој е дел од поширок процес, во кој Европа се обидува да најде нов баланс меѓу различните политички визии.
МОЌТА НА ИНСАЈДЕРИТЕ
На секоја власт ѝ доаѓа поевтино, наместо да ги задоволи барањата на граѓанските иницијативи, да им фрли по некоја паричка на лидерите на граѓанските иницијативи за тие да ги разочараат следбениците.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Благодарение на мислата на Макијавели, целта ги оправдува средствата, макијавелизмот станува работа на ѓаволот, кој ја претпоставува употребата на зли средства за остварување на добрата цел.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Државниците“ Глигоров, Црвенковски, Трајковски, Иванов, Пендаровски, па до актуелната Сиљановска-Давкова и партиските „лидери“ Георгиевски, Бучковски, Груевски, Заев, Ковачевски и Мицкоски, перманентно во сите погледи покажуваа и докажуваа дека не трпат поумни од себе.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во рамките на актуелните меѓународни тектонски поместувања и борба на интереси, моќ и пари, дозволено е да се промени дресот, ама само ако повторно тимот игра во „нашата лига.” Или, брутално кажано, изборот ви е сведен меѓу пиењето „пепси“ и „кока-кола“!
Ана ПАНОВСКА
Груевски има да си ја издржи затворската казна за која има правосилна судска одлука, вели премиерот Мицкоски. Ами како? Зар ќе се дозволи сега Груевски да му ја помати водата на Мицкоски?!