1584

by bogdan 19:47
19:47

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ХОРОР
И сега, веќе во 2026 година, цели 14 години подоцна сме на истото дереџе, истиот речник, истите соопштенија, истите пресови, само што на чело на партијата не е Груевски, туку Мицкоски.

МАРИХУАНА
За субвенционирање на дел од компаниите кои одгледувале медицински канабис, биле издвоени 4 милиони евра. Договорите биле потпишувани за време на Владата на СДСМ, а се исплаќале и за време на сегашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОДОБНИ УПРАВНИ ОДБОРИ
Изборот на 117 в.д. членови на Управните и на Надзорните одбори на јавните претпријатија во Скопје предизвика големи контроверзии.  Меѓу овие избрани членови има истакнати партиски функционери и роднини.

ФАКУЛТЕТИТЕ ФИНКИ И ДИФ
Според одговорот што го добивме од МОН, завршувањето на проектот ќе чини 36 милиони евра, но, кога ќе се додадат и веќе потрошените средства, тој достигнува речиси 40 милиони евра, што е за двојно повеќе од првичната проекција.

ИНТЕРВЈУ | ДИМИТАР АПАСИЕВ
Изборниот резултат,  проекциите за иднина, но и некои актуелни теми, беа повеќе од добра причина за разговор со лидерот на партијата, Апасиев. Почнувајќи од актуелната тема со медицинска марихуана, минималната плата, но првенствено за конструктивноста што самиот тој ја покажа на последната лидерска средба.

КРИЛА И КАНЏИ
Каде е Груевски, каде е Груби и каде е Заев? Сите се во странство, па и тие се дел од дијаспората. Нив како дел од крилата ќе ги сметаме или како дел од канџите? Бидејќи на време одлетаа на сигурно, можеби се крила. Ама ако се знае дека не заминаа со празни раце, мора да се канџи.

ЕПШТАЈН
Како да нема крај на листата на злодела што биле подготвени да ги направат покондирените светски елити само за да покажат дека се поразлични од другите обични смртници.

 

Колумнисти

Денко МАЛЕСКИ
Наспроти „трговската“ Венеција стоела „духовната“ Фиренца, град-држава со исклучително висок креативен дух.Доменот на политичките работи на државата не бил резервиран само за владејачкото семејство, туку во него се инволвирало и граѓанството.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Животот сè памети, ништо не простува. Не извозот на мртви мозоци, туку одлевањето на живи мозоци е просипување умови. Модерна верзија на данок во крв.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За жал на граѓаните и „нивната“ држава во чие име судат судиите и обвинуваат обвинителите, правосудниот систем во нашата држава е само законскиот инструментализиран параван зад кој се скриени и преку кој се спроведуваат партиските политики.