1585

by bogdan 19:43
19:43

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КОЈ ГО ЧЕКА ГРУЕВСКИ?
Ова задоцнето морализирање и клеветење за работата на СЈО никого не може да направи херој, туку сооучесник, доколку тоа што го зборува е вистина, а лажго, платеник, полтрон или други слични епитети, доколку измислува. Но, за жал, ние, Македонците, генерално, патиме од слабо или кусо памтење.

НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ
Воен пензионер е на листата на пациенти што немале потреба од операција, меѓутоа покрај едната непотребна интервенција направена во 2012 година, по неколку години повторно бил опериран, со што му се влошила здравствената состојба.

ПРВИОТ СИНДИКАЛЕЦ VS ПРАТЕНИЦИТЕ
Претседател на ССМ нема обврска да поднесе анкетен лист. Синдикатите се здружение на граѓани што не користат државни средства, туку се самофинансираат, посочуваат од Антикорупциската комисија.Наспроти него, народните избраници заработуваат видливо повеќе.

КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК
Кумановскиот градоначалним Димитриевски се претставува како бизнисмен и инвеститор, но компаниите му ределе загуби и згаснувале. Во имотното досие има повеќе оружје отколку недвижности!

УНГАРСКИОТ КРЕДИТ
Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации уште покажува дека, наместо првично најавените 250 милиони евра, сега се скратени на 149 милиони за да се користат до 2027 година.

ЕУ ВО 2026
Иако блокот останува важен глобален актер, внатрешните тензии и надворешните притисоци откриваат длабоки ранливости во неговиот економски модел и политичката кохезија.

СПОНТАНО ИЛИ КРЕИРАНО
Во светот полн со љубители на теории на заговори, треба само да се прошират тајните служби на некоја светска сила, теза дека таа сила поседува тајна технологија, со која може да ја контролира климата или земјотресите, па ако во некоја држава што „тера инает“, се случи по сосема природен пат некојземјотрес, да прошири теорија дека тајното оружје било употребено како предупредување и државата треба да се покори.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Иако била востановена рамнотежа на моќта меѓу големите италијански градови-држави, никој не земал ништо за дефинитивно, ниту, пак, безрезервно го признавал и го прифаќал другиот.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во Македонија, статус кво партиските картели се типичен башибозук. Нивните пазарења и комбинаторики креираат кадровски октопод, од кој не може да се пркне, се брише меморијата и почнува сè одново со нови правила.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Подобро е да се направи обид за да се стави крај на ова институционално беззаконие отколку мирно да се седи со скрстени раце и малоумно да се моли секоја нова „власт“ да се „бори“ против криминалот и корупцијата.

Ана ПАНОВСКА
Стрплив е овој народ. Можеби не се разбира во многу работи, можеби по малку е и мрзлив, ама знае да чека и да си се теши со поговорката „кој чека, ќе дочека“, а што ќе дочека, ќе види кога ќе дочека!