Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
5 ТОНИ МАРИХУАНА
Истрагата за шверцот на петте тона марихуана од Македонија во Србија веќе зема замав во двете држави, а не се исклучува вклучување и на американската ДЕА. Сомнежот е дека шлепер полн со стотина пакети канабис, поминал непречено низ легален граничен премин.
ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ
Кога веќе не се одржаа во пакет со локалните избори, која е политичката логика сега или во блиска иднина да се одржат предвремени парламентарни избори?
АВТОБУСИ
Со одлука на владата, Скопје ќе добие 100 нови автобуси на електричен погон, а другите општини 50 автобуси. Одлуката е дел од стратешкиот договор „Влада со влада“ помеѓу нашата и владата на Унгарија.
ИНТЕРВЈУ | ГОРАН МИНЧЕВ
Со министерот Минчев, „Фокус“ разговараше на повеќе политички теми што се актуелни периодов – почнувајќи од (не)потребата за укинување на техничката влада, изборната регулатива, можноста од одржување предвремени парламентарни избори, реформите во јавната администрација…
БОЛНИЦА НА УЖАСОТ
Не поминува ден без во прилепската болница, која опслужува околу 120.000 пациенти, да не се случи некој скандал. Според информациите до кои дојде „Фокус“, во болницата владее тензична атмосфера, нарушени меѓучовечки односи, зголемена смртност во последните неколку години, а „врие“ и од интрахоспитални инфекции.
ПЛАГИЈАТИ
Лесниот пристап до информации ја олеснува ученичката работа, но ја зголемува и опасноста од плагијат. Државата и универзитетите воведуваат алатки и контроли, но проблемот останува комплексен.
ШТО ГО ЧЕКА БАЛКАНОТ?
Србија, Бугарија, Унгарија, Република Српска… се само дел од листата земји во нашето блиско опкружување, каде што оваа година ќе се кршат сериозно политичките копја.
СРЕДСТВА И ЦЕЛИ
Ако „Сејф сити“ е четка, сликата би била град со помалку сообраќајни несреќи. Ако „Сејф сити“ е саксофон, чочек би биле улиците на кои нема жртви од пребрзо возење. Ако на уметникот му се одземе четката, зар нема со молив да нацрта ремек-дело?
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во силната желба за моќ, претендентите, во метежот кој да дојде на власт по убиството на деспотот, првин ќе се испотепале меѓу себе, а потоа како владетели, одново си го ставале животот на коцка во обид да ја сочуваат власта.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Суштината на апашанатот може да се сублимира во фактот дека не е најбитна форма на рушвет со коверти под маса, туку преку местење тендери, ставање под контрола на институциите и симбиозата на власта со подземјето и олигарсите на големите компании.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Јавна тајна е дека одделни „лидери“ на политичките партии, кои биле и носители на високи државни функции во време на својот мандат, се стекнаа со огромни богатства. Но, никому, ама баш никому ништо не му е одземено!