Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ДАНОК ВО КРВ
Тоа што загинаа 63 деца, а 200 беа проведени, не е само приватна загуба и болка, туку и колективна. Па таква треба да биде и грижата. Ако веќе треба да се плати данок, тоа е оној за негрижа, бидејќи помина речиси една година, а се уште никој не ја подмири оваа сметка.
ДОЛИНА НА ВОЛЦИТЕ ВО ТЕТОВО
„Фокус” открива каква е бизнис-врската меѓу вујкото на градоначалникот Касами и семејството Бајрами? Три фирми на отворени поддржувачи на Беса и Касами добиле тендери од Општина Тетово вредни околу 6 милиони евра!
КОЛКУ „ТЕЖАТ” ГРАДОЧАЛНИЦИТЕ?
Она што остава најголем впечаток кај повеќето од нив е дека тие на нивно лично име не поседуваат никаков недвижен имот, но затоа, пак, нивните родители се „преплавени“ во богатство.
РАСКОЛ ВО СДСМ
Во најава е легитимирање во јавноста на една т.н. силна групација од некогашни високи партиски функционери, поранешни и актуелни пратеници, кои ќе се обидат да го оттргнат социјалдемократското членство од раководството. И, како што велат, да го направат Филипче – „генерал без војска“.
ИНФЛУЕНСЕРИ
Со законските измени што ги ставаат инфлуенсерите под капата на медиумската регулација, државата отвора чувствителна дебата: дали дигиталните креатори треба да сносат иста одговорност како традиционалните медиуми или ваквиот пристап претставува ризик за слободата на изразување?
ШЕНГЕН
Превозниците бараат ЕУ да ги ослободи професионалните возачи од обврската да се придржуваат на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90, односно 180 дена.
АМЕРИКА СЕ ТРЕСЕ
Прва тема остануваат случувањата во Минесота, каде што двајца невини луѓе се убиени од федералните власти во помалку од еден месец, со што има сериозни предуслови, ситуација сериозно да излезе од контрола.
СОБИРИ НА ЕЛИТАТА
Ако штедиш неколку години, колку и да си беден, ќе можеш да заштедиш доволно пари за да си купиш некој скапоцен часовник од ексклузивна марка. Ако ги носиш облеката, обувките и часовникот со самодоверба и елан, можеби ќе личиш на господин човек. Ама џабе, ако под таа маска сѐ уште си голтар.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Езелино, кој заедно со Фредерик се тема на бројни легенди на стравот и ужасот што се пренесуваат на новите поколенија Италијанци, бил прототип на бескрупулозниот политичар подготвен да уништи сè и секого заради освојување или зачувување на сопствената моќ.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Што е тоа во човековото битие што опсесивно го тера на алчност, иако кога заминува на оној свет, не може да понесе и не му треба да земе ништо со себе? Каква е таа лакомштина и „вечна трка на стаорци“, со невиден тамаќарлук?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кога станува збор за кривични предмети, основната цена се „стандардизира“ на десет илјади евра по година затвор. Кај граѓанските и деловните спорови, тој износ директно зависи од висината на спорот.
Ана ПАНОВСКА
Помина свадбата, ја испивте и благата ракија, ги распакувавте и свадбените подароци и сега, драга македонска власт, доста се влечкавте − фатете се за работа, развртете се малку околу себе и забележете дека од сите страни тече. Работниците стенкаат под тежината на минималецот.