Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЅИДАНИ ПАРИ
Осомничениот судија од Апелација, Ѓоко Ристов, од куќен притвор ќе го чека финишот за истрагата отворена против него. Тој, за себе создал јавна слика дека живее како и секој просечен Македонец, на кредити, додека обвинителството го обвини дека тајно ѕидал дебели „заштеди“ во девизи.
ВМРО ДО ГРОБ
И, како и по традиција, додека народот едвај преживува и живее само од 400 евра месечно, стискачите на копче во Собранието, или, народски познато како пратеници, во џеб си ставија, ни помалку, ни повеќе, туку 14,3 милиони денари.
СТАРИ ВОЗИЛА
Во земјава има речиси 600 илјади автомобили, од кои, заклучно со 31 декември 2024 година, 365.947 користат дизел гориво. Според Државниот завод за статистика, просечната старост на патничките возила е 19,4 години за 2024.
ДУП ТЕТОВО
Фирмата на роднината на тетовскиот градоначалник се јавува и како донатор на Општина Тетово, и тоа заедно со друштвото што ја изработува урбанистичката документација за просторот кај некогашниот гигант „ШИК Јелак“, каде што голем дел од земјиштето го поседува контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака.
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
Помина повеќе од половина година откакому престана мандатот на дотогашниот народен правобранител Зибери. И, оттогаш, ниту власта попушта, ниту опозицијата се согласува да се дојде до разумен компромис.
ГРЕНЛАНД
Состојбата е јасна. Јастребите околу Трамп сакаат да го искористат моментумот отворен со успешното киднапирање на Мадуро и да го решат Гренланд во истиот бран. Точно е дека Европа засега одговара многу слабо, но, сепак, наоѓа сила и начин да се спротивстави, што само по себе гарантира дополнителна компликација на ситуацијата.
КОЈ ИМА, ЌЕ ДАВА, КОЈ ДАВА, ЌЕ ИМА
Дарежливоста на моќните и богатите им служи и како еден вид сигнал дека се навистина моќни и богати, па затоа е бадијала да се напаѓаат.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Дури кога ќе се разбере времето во кое живеел Макијавели, како и пропагираните (христијански) морални норми, кои немаат врска со реалноста, го сфаќаме Макијавели и неговиот придонес во разобличувањето на хипокризијата на тоа време и на тој морал.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Три и пол децении, мафијата облечена во власт и државата се на иста страна и речиси не постои граница меѓу нив. Кримосите преоблечени во политичари на власт немаат потреби од умни луѓе, бидејќи тие ќе им го променат системот.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во секој случај, „државата“ мора да обезбеди правен и политички механизам за преиспитување на одделни судски пресуди, особено ако за нив постои основано сомнение дека се донесени како резултат на криминал и корупција.
Ана ПАНОВСКА
За тоа како ќе заврши цела оваа работа околу Гренланд има разни сценарија. Јас имам мислење дека Трамп набргу ќе го изгуби интересот за Гренланд и ќе се засити од таа играчка. Ама, тој ќе смисли и ќе си побара друга играчка. Само да не биде тоа Балканот!!!