Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПРЖИНСКА ВЛАДА
Големите политички партии демонстрираа „способност“ да ја менуваат диоптријата и позицијата зависно од тоа дали се на власт или се во опозиција. Од таа гледна точка, ништо ново не се различни гледиштата на едни исти партии околу потребата за техничка влада според пржински.
ПАРИЧКАТА КАЈ ФУНКЦИОНЕРИТЕ
Работниците ќе добијат само законско усогласување од 1.700 до 2.000 денари, почнувајќи од мартовската плата. Еден месец претходно, претседателот, премиерот, министрите, градоначалниците и судиите ќе почнат да земаат значително зголемени плати.
ЗАГИНАТ РАБОТНИК ВО „ИГМ ТРЕЈД“
Според документите со кои располага „Фокус“, главниот проблем во целата трагедија е што починатиот кинески државјанин во компанијата „ИГМ Трејд“ Кавадарци имал виза Ц, односно туристичка виза.
ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
Најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека ќе бара консензус за укинување на техничката влада како непотребен баласт од т.н. „Пржински“ договор ја отвори „Пандорината“ кутија за можно изборно соочување до крајот на оваа или (евентуално) на почетокот од следната година.
ВОЈУВАЊЕ
Како што многу арно не е на арно, така и многу мултиполарно не е на арно. Барем кога е во прашање оддржувањето на мирот во светот, иако мора да се признае дека мултиполарноста во голема мера ги намалува амбициите за силеџиско однесување.
ПАЗАР НА ТРУДОТ
Новото законско решение формализира сезонска работа, но реалноста на терен покажува дека флексибилноста често носи несигурност, а праксата и европските трендови откриваат дека активното работење по пензионирањето не е исклучок.
СВЕТОТ ВО 2026
Ако некој мислеше дека 2020 или 2022 година беа врвот на безумието што може да му се случи на современиот свет, оваа нова 2026 има сериозен потенцијал да ги надмине сите досегашни „најлоши“ години.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Внатрешното единство игра важна улога во определувањето на позициите на државата во меѓународната политика, која по дефиниција е политика на сила.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
На повикот за враќање од јабана, дилема е дали завалиите да дојдат и да сонуваат работни места со амин од општинскиот партиски штаб или, пак, да останат и таму да ги сонуваат родните огништа? Затоа и нивното заминување не е иселување, туку евакуација.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако не сакаме да ни се повтори историската катастрофа што ни се случи по Илинденското востание, оваа генерација Македонци треба да си ги препознае и да си ги пронајде своите национални интереси согласно очекувањата и случувањата во иднината.
М-р Владо ЈОВАНОСКИ
Во регионите каде што веќе се случува, апокалипсата го покажа своето грдо лице, го уништи и доброто и злото. Децата што умреа од глад во појасот Газа, немаа време да бидат ниту добри, ниту лоши, беа само деца и умреа.