Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ГАСНА КОМОРА
Надвор е се загадено и затруено, прст пред очи не се гледа, ама затоа на новиот градоначалник Ѓорѓиевски тоа некако не му смета. Само што седна на градоначалничката фотелја веднаш ги засука ракавите за да го исчисти ѓубрето на Арсовска и се зафати со китење и организација на новогодишната прослава.
СОРАВИА
Дали „Соравиа Инвест“ оди кон реорганизација или кон ликвидација и каква ќе биде судбината на деловниот објект „Соравиа“, кој вреди двојно повеќе од обврските кон доверителите и притоа секој месец генерира приливи од закупнини?
ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Наскоро на чело на републичкото јавно обвинителство ќе треба да застане нов шеф на обвинителите. Веќе се лицитира со неколку имиња кои се споменуваат како можни кандидати. По 18 мажи, за прв пат како фаворит се наметнува жена обвинител.
АНТИКОРУПЦИСКА
Новиот претседател Адем Чучуљ исправен пред предизвик да ја врати довербата најавува сериозно фаќање во „костец“ со сите девијации што доаѓаат од функционерската „фела“ – засилен мониторинг на имотната состојба, кумулацијата на функции, но и т.н. случаи на корупција кај високи функционери.
ДЕЦА ЗАВИСНИЦИ
Алармантни се податоците дека младите во Македонија уште на мало нозе стануваат потенцијални зависници од цигари и алкохол. Иако законот јасно ги поставува границите, инспекциските надзори и контролите често доцнат, оставајќи простор за ризично однесување.
ДИЈАЛОГ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ 2026
Учесници од 118 различни земји во светот се сложија меѓусебно дека се соочуваме со најголемата геополитичка трансформација од крајот на Втората светска војна и дека меѓународната соработка и разменувањето искуства ни се попотребни од било кога претходно.
ЗАГАДЕНОСТ
Кога Скопје не е златно туку е смрдливо, секогаш на ум ќе ти дојде чистиот воздух кој си го дишел во Берово или Крушево, Маврово или на Пелистер и си викаш дека тие места мора да се заштитат по секоја цена. И не само конкретните места да се зачуваат, туку и пристапот до нив.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Како по правило, најмалку интелигентните демонстрираат најголема моќ за опстанок. Таквите луѓе, пишува Тукидид, свесни за недостигот на интелигенција и за супериорноста на противникот, а исплашени од можноста да загубат во дебата или да бидат надитрени, веднаш тргаат во напад.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Власта ниту под разно не трпи акајлии.Во Мафијадонија многу работи се извитоперени, ама народот рајатински упорно очекува нешто арно да се случи. Сепак, надежта последна умира. Знае кутриот дека многу арно не е на арно, туку и со малку добро е.
Ана ПАНОВСКА
Значи, Европа за нас нема! Добро, владата на Мицкоски сега има друга занимација, се спрема да оди во лов на вештерки. Го спрема правосудниот систем со обучени, лојални партиски кадри да ја извршат таа валкана работа, да се пресметаат со секој што опозиционо расудува и критикува.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не ни останува ништо друго одошто да чекаме за да, низ постапките на новиот државен јавен обвинител, видиме дали е активен или пасивен поддржувач на судско – обвинителското подземје или, пак, ќе покаже професионална доблест да се фати во костец прво со криминалот иво сопствените редови.