1576

by bogdan 19:50
19:50

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

(ПРАВО)СУДСТВО
Ако власта не покаже искрена волја за рехабилитирање на (право)судството, тогаш заклучокот ќе биде дека неспорно лошата и очајна состојба во судството се користи како инструмент за пренасочување на дел од незадоволството на граѓаните од извршната кон судската власт.

ОД „СКРОМНИ БЕСКУЌНИЦИ“ ДО МИНИСТРИ МИЛИОНЕРИ
„Фокус“ се обиде да „пресмета“, колку во недвижности „тежат“ премиерот и неговите министри. Според пресметките, се доаѓа до сума од над 4 милиони евра,  луксузни куќи и станови, кои ги поседуваат во Македонија и во странство. Од скопски Центар, Влае, Карпош, па сѐ до Шпанија, Португалија, Србија, Бугарија…

ЌЕ ПАДНЕ ЛИ И СУДИЈА ВО ДУПКАТА НА ЃАВОЛОТ?
По неодамнешното апсење на адвокатот Стафа, на повидок е нова афера во правосудството, која треба да „истресе од гаќи“ и некој корумпиран судија.  Обвинителството е исправено пред речиси невозможна мисија за вовлекување судија во оваа афера, но, сепак, тие го имаат најсилниот адут во рацете.

ЌЕ ИМА ВОЗОВИ, АМА НА ХАРТИЈА
Во јануари се очекува да забревтаат неколку пара возови во проектот Градски воз, кој беше едно од главните ветувања на владата. За почеток тоа ќе се прави со репарирани моторни дизел-возови стари по 40-тина години.

ЧИСТКА ВО ДУИ
Се очекува внатрепартиско консолидирање на ДУИ, кое треба да резултира со промена на имиџот на партијата, но и со сериозно внесување нови помлади кадри во потесниот партиски врв, како замена со долгогодишните најблиски соработници на Ахмети, кои се означени како „истрошени“ кадри.

МАКЕДОНИЈА СЕ ОТКАЖУВА ОД НАЈРАНЛИВИТЕ
Предлог-буџетот за следната година, повторно ја отвори дебатата за начинот на кој државата ги дефинира своите социјални и здравствени приоритети. Иако во јавноста беше најавено унапредување на поддршката за најранливите категории, буџетските проекции покажуваат спротивен тренд.

ЦРНА ГОРА СО ЕДНА НОГА ВО ЕУ
Тргањето на француската блокада по политички пат за првпат по подолго време дава надеж дека Европејците навистина се вразумиле и ги сфатиле опасностите од бескрајното одложување на членството на државите од Западен Балкан.

ПОЛИТИЧКА ВТОРА ШАНСА
Нека си предложи секоја партија своја резолуција за мигрантите, па, наместо во Собрание, нека се закупи некоја сала каде што ќе бидат изложени и презентирани резолуциите, па таа манифестација да го добие називот „Резолуцијада“.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Стравот од можното враќање на Алкибијадес и последиците што тоа би можело да ги има врз неговото место во атинското општество, како и неговата лична безбедност, го навеле Фриникус на предавство.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За излез од безизлезот, крајно време е, наместо прв вицепремиер, заменик-министри, министри без ресор, помошници на помошници, министерства за политички систем… да се воведе посебно Министерство против криминал и корупција.

Ана ПАНОВСКА
Како е можно, една власт, официјално, дури и со Резолуција, да се осмели да го спречи и осуди дејствувањето на една парламентарна опозиција во денешно време? Тоа го немаше ни во „едноумието“.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За кој било граѓанин во државава и особено за самата „држава“, воопшто не е битно кој е државен јавен обвинител. Важно е тој да има волја и храброст, професионална доблест и способност да се соочи со проблемите на криминалот и корупцијата по извршната и судско-обвинителската власт.