1575

by bogdan 19:43
19:43

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ИЛЕГАЛЕН ПРЕМИЕРСКИ ОДГОВОР ЗА ЛЕГАЛНИТЕ МИГРАНТИ!
Со тазе демант излезе и премиерот, кој како од пушка рече дека нема да дозволат илегална миграција во државата или влез на илегални мигранти. А дали тоа значи дека влезот, сепак, ќе биде дозволен за легалните мигранти? Оние што Британците ќе ни ги испратат како туристи, со авиони, а не како грешни ѓаволи, одејќи пеш по снег и дожд?

КОСОВСКИ ИНВЕСТИТОР КУПИ ДВЕ СЕЛА
Косовски бизнисмен купи две штипски села за да ја изгради најголемата домашна фотоцентрала. Компанијата Алба Енерги Груп поднела барање до владата за издавање на овластување за изградба на нов енергетски објект за производство на електрична енергија.

РАСПАД НА КАРДИОХИРУРГИЈА
На 12 ноември, по серијалот текстови во „Фокус“ дека скопската Клиника за кардиохиругија незаконски набавувала скапи материјали, за што сомнително се потрошени над 300 илјади евра, инспектори на Финансиската полиција влегоа на клиниката.

НОВ ИЗБОРЕН ЗАКОНИК
Дали во новото изборно законодавство ќе бидат имлементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои предвидуваат ефикасни заштитни мерки против злоупотреба на државните ресурси и притисок врз гласачи, транспарентност во делот на финансирање партии за време на кампања и на платеното политичко рекламирање?

НЕТРАНСПАРЕНТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ
Јавните универзитети се далеку од вистинска транспарентност, а студентите сè уште се соочуваат со застарени административни практики. Најмалку транспарентен останува Универзитетот во Тетово – 9,1 поен, кој речиси воопшто не објавува финансиски информации.

РЕПОРТАЖА ОД САД
Додека Њујорк ја опева победата на Мамдани, во Вашингтон се закоравува уште поголем конзервативизам, кој моментално работи на наоѓање начини за подолготрајно решавање на либерализмот како проблем број еден според поддржувачите на Трамп.

ПРИВИЛЕГИИ
Ако фрлањето пари е доказ дека се имаат пари буквално и за фрлање, тогаш откажувањето од привилегии е доказ дека се има моќ (која носи привилегии) и за фрлање. Мицкоски се откажал од уште еден мандат по овој сега што го доби. Што не се откаже некој друг од тоа да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Иако мотивите на Никијас не биле целосно себични, зашто мирот што тој го посакувал, не бил само за него, туку и за граѓаните на Атина, неговите гревови биле пасивноста и колебливоста во услови кога се воделе битки на живот и смрт.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Со години и децении граѓаните пиштеа, вриштеа и колнеа за воспоставување сообраќаен ред. Сега кога се обидува тоа да се стори со системот „Безбеден град“, ја „променуваат плочата“ и ги пренебрегнуваат стотиците жртви и повредени годишно, па го фураат националниот менталитет на зајадување, инает и мрморење.

Ана ПАНОВСКА
Се прашувам како никој не го праша Мицкоски што планира владата со „ЛЕГАЛНИТЕ МИГРАНТИ“ од Велика Британија, кои нема да бидат илегални, туку ќе бидат со име и презиме, со документи издадени од британската влада и нема да доаѓаат по шини, туку ќе бидат превезувани со авиони, директ Лондон – Скопје.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Само будалите и алчните земаат пари лично на своја рака, како што тоа го направи поранешниот судија на Врховниот суд, Наќе Георгиев. Стручното и „професионалното“ земање пари на и под рака подразбира разработен и организиран систем преку адвокати, најразлични мешетари (лобисти) итн.