1574

by bogdan 19:36
19:36

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НЕМА ПРАВДА
Белата палата, лека-полека, со последни сили се подготвува за конгресот во Кавадарци, за избор на претседател на вмровците. Додуша, само еден и единствен е кандидат. Каде, покрај уште еден мандат на Мицкоски, друг смее и да помисли, а не, па реално да се кандидира.

КРАВЈА КРИЗА
Има предлог и за свикување или определување кризна состојба. Но, системот повторно потфрла и не нашол трајно решение за стадото од безмалку 600 крави, кое според проценките од пазарот, во моментов вреди околу 1.000.000 евра.

НЕПРАВЕДНО ЗАД РЕШЕТКИ
Поранешниот шеф на обезбедувањето на Бошкоски, Зоран Трајковски, еден од обвинетите во „Ровер“, по ослободителната пресуда, бара отштета за секој од 1.073 дена што ги поминал во притвор.

ФУНКЦИИ ВО РАСЧЕКОР
Ако на следните избори триумфира ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски стане премиер, тој една година потоа ќе треба да го одржи зборот и да замине од челната позиција во партијата.

СТУДЕНТИТЕ НА УДАР
Во 2026 година се намалува буџетот на студентскиот стандард, иако пред неколку дена беа најавени „историски инвестиции“ во областа на високото образование.

ПРЕУВЕЛИЧУВАЊЕ
На времето, кога Јосип Броз-Тито го прашал рударот кој остварил рекорд при копањето на руда што сака да добие од државата како награда, рударот му одговорил дека сака да добие поголема лопата за да може уште поголеми рекорди да остварува. Така и политичарите бараат повеќе власт да им се даде.

ИДНИНАТА НА БАНКАРСТВОТО
Во 2024 година, НЛБ банка креира над 675 милиони евра додадена вредност директно преку своите активности, како и преку кредитите и синџирот на набавувачи, што претставува значителни 4,3 отсто од БДП на земјата.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Перикле не правел комплоти за да се врати на власт, не дезертирал кај непријателот, туку, со својот авторитет и тивкото присуство, посредно влијаел врз политиката.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ем шути, ем бодат, неграмотни и неспособни, чија водилка на владеење е партократскиот принцип: „Каков е таков е, никаков и за никаде е, ама наш е“!

Ана ПАНОВСКА
Дали Мицкоски во Заев го гледа Груевски, па „спасувајќи“ го Филипче од Заев, потсвесно посакува да се спаси и да се пресмета со бегалецот од Будимпешта, кој за членовите на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште е икона пред која се поклонуваат

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Формирањето и „глумењето“ Европска политичка заедница, во која, освен членките на ЕУ беа приклучени и сите други европски држави освен Руската Федерација, требаше да ја зајакне европската безбедност.