Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
РЕФОРМИ ИЛИ РАСФОРМИРАЊЕ?
Речиси сите поголеми партии во следниот период ќе одржат конгреси, чии одлуки треба да рефлектираат кон изборните резултати и политичките трендови. Дефинитивно, дел од нив ќе мора суштински да се реформираат, бидејќи, во спротивно, многу лесно може да се случи да се расформираат.
ХОТЕЛИ ЌЕ „НИКНАТ“ ВО МАВРОВО
Алармот за „градежниот бум“ во најава се вклучи пред една недела, кога заврши 10-дневниот рок за доставување забелешки на „Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели со мешана намена: Традиционални куќи за потреби на туризмот, хотелски комплекси и трафостаница.
ЧИСТЕЊЕ НА ПОШТА
АД Пошта одбра надворешна компанија за чистење на просториите, за која ќе треба да се платат 1,2 милиони евра. Компанијата нема искуство и не била активна, ниту, пак, има вработени. Оваа компанија е само носител во групната понуда, во која се најде позната фирма за одржување хигиена.
ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО
Во 2020 година, во здравствениот сектор се реализирале 2.342 тендери со една понуда, додека во 2024 година, таа бројка се зголемила на 3.374 тендери, што остава простор за голем ризик од корупција и директни последици врз пациентите. На годишно ниво, над 160 милиони евра се доделуваат без конкуренција.
МАЛИТЕ ГЕНИЈАЛЦИ
Во Македонија, и понатаму недостасува системска поддршка за талентираните деца, кои често се оставени сами да го пробиваат патот низ образованието. Додека родителите се борат со институциите, МОН допрва најавува изработка на Концепција за откривање и работа со надарени ученици.
ПАРТИСКА ЗАСЛЕПЕНОСТ
Многу луѓе размислуваат дека е сеедно дали оној кого го сметаат за непријател е конкретно виновен за некоја лоша работа, оти ако тоа е начинот на кој може да биде казнет противникот, одлично, нека биде казнет, па макар бил сосема невин.
ПЛАНОТ НА ТРАМП
Според безбедносните аналитичари, ќе бидат потребни минимум две години, за да се подготват и опремат нови украински единици подготвени за голема контраофанзива како онаа во 2023 година.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Спартанците биле упорни во политиката да предизвикаат војна, па не им одговарала готовноста на Атина да го стави на арбитража проблемот на Мегаријанците, непосредната причина за заладување на нивните односи.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Структурата и начинот на дејствување на сите македонски власти во изминативе три и пол децении, метафорично претставува еден огромен „октопод со многу пипала“, кои не отстапуваат од својата грабливост, алчност и подмолност.
Ана ПАНОВСКА
Последиците од војната во самата Украина уште долго ќе се чувствуваат. Крајот веќе се гледа, кај и да е, за некој месец војната ќе заврши. Како да постои некое непишано правило за траењето на големите војни во Европа – четири години и доста е. Така ќе биде и со оваа војна во Украина.