1572

by bogdan 19:44
19:44

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

СЕКОЈ ПОГЛЕД БАРА ПРАВДА!
Јасно е дека ниту целото богатство на светот не може да им ја надомести загубата на овие семејства. Воопшто не станува збор за некаков надоместок, туку за гола егзистенција. Овие луѓе ги загубија своите деца поради системот, па затоа и системот треба сега нив да ги одржи во живот.

БОРБА ЗА ЖИВОТ НА ДЕТЕ
Болеста кај младиот Лазар постепено напредува. Единствениот спас во моментов, поточно за продолжување на неговиот живот е лек од 50.000 евра на месечно ниво, кој Фондот за здравство не му го одобрува, откако претходно трипати се лекувал на државна сметка.

СКАНДАЛОЗЕН ТЕНДЕР НА АД „ПОШТА“
Новиот менаџмент требаше да ја извади АД „Пошта“ од длабоката криза, но како и претходниот менаџмент, овој избра да работи недомаќински, избирајќи надворешна компанија за чистење на просториите во АД „Пошта“ за која ќе треба да се платат 1,2 милиони евра.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАРТИИТЕ
Финансиските извештаи доставени до надлежните институции покажуваат дека политичките партии и коалиции ги финансирале кампањите за изминатите локални избори со средствата што ги добиле од државниот буџет, но и од страна на донатори.

СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ
Додека Европа нуди модерни кампуси и силна поддршка, македонските студенти и понатаму се борат со базични услови, високи трошоци и застарени домови. Разликата меѓу студирање и преживување никогаш не била поголема.

ТИРАНА ЌЕ СТАНЕ ВИСТИНСКИ „ЗАПАД“ ЗА НАС
Треба да сме среќни кога соседите имаат таков импресивен напредок, но не можеме и да не бидеме фрустрирани од нашиот лет во место, па можеби и назадување кон евроинтегративниот пат.

НЕМА БЕГАЊЕ ОД ЛОГИКАТА
Кој и да е на власт во земја, ако сака да има економски раст, треба да ги намали даноците, да ја скроти бирократијата, да обезбеди монетарна и политичка стабилност, и да ги остави бизнисмените на мир да инвестираат и да работат.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
По војната со Персијците, Атина се соочила со една непознатица – што да прави со огромната флота и бројниот екипаж макотрпно создаван во текот на долгите години на војната?

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
По промената на системот и процесот на бесконечната транзиција, поплавата исфрли на површина бајаги некадарници, „џонсон тапи“, мамини и татини галеничиња и блефери од „големото добро утро“.

Ана ПАНОВСКА
Значи, Мицкоски е чист пред граѓаните. Тој кажа! Дури е тој премиер, нема да попушти пред Бугарите и Европејците. Додуша, тој ветуваше и дека ќе го врати името и дека ќе го раскине тој штетен Договор за добрососедство со Бугарија…

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не е можно никој во судската и во обвинителската фела да не знае кој од нивните колеги е длабоко вмешан во криминал и корупција, ако тоа сосема јасно и точно го знаат граѓаните во социјалната средина во која тие живеат и работат!?