1571

by bogdan 19:42
19:42

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПОЛИТИЧКО ЃУБРЕ
Еве сега кога ВМРО-ДПМНЕ ја има апсолутната власт во свои раце, не може некој друг да им биде виновен што тапкаме во место, што во 21 век, во некои села сè уште нема канализации, па дури и вода, што здравството и образованието пливаат во корупција…

ДРЖАВАТА ГО „ЗАГРЕВА” БАГЕРОТ
Министерството за транспорт и врски склучи тендер за уривање дивоградби во заштитени подрачја. Се мапирале спорни објекти во Чаир, Кратово, Битола, Крушево и во Охрид, ама уште сега е јасно дека во видик не им е хотелот во Горица, кој го гради Дивелоп груп.

УЧЕНИ ИЛИ ПРИУЧЕНИ ПОЛИТИЧАРИ?
Дуелот Амар-Орце ја отвори темата каде и како се стекнуваат дипломите на политичарите. Има сомнежи дека дел од дипломите се од неквалитетни факултети или купени на универзитети со сомнителни релации со политичките елити.

ПОСТИЗБОРНИ РАЗВРСКИ
Во следниот период, ВМРО, СДСМ и ДУИ ќе одржат Конгреси, на кои треба да се потврдат мандатите на актуелните лидери Мицкоски, Филипче и Ахмети, но воедно се најавуваат крупни кадровски промени на други нивоа во партиските структури.

ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ
ЕУ алармира дека македонското образование тапка во место. ЕК, во последниот извештај нотира дека реформите се движат со ограничен напредок и дека образовниот систем сè уште се соочува со структурни слабости.

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА
Темата за АИ ја отвори значајната дискусија за тоа како технологијата може да ја подобри оперативноста и продуктивноста и со тоа да го забрза растот на е-трговијата, како и тоа како да ја поттикне довербата, транспарентноста и иновативноста во дигиталниот свет.

ПОЛИТИКАТА Е НАЛИК НА БОКСОТ
Ако секој ден се собира ѓубрето, со тек на време на тоа сите ќе се навикнат и никој нема да обрнува внимание. Ама ако не се собира со недели, ќе се направат купови отпадоци околу контејнерите и тоа секому му влегува во очи или поточно во нос смрдеата остава впечаток.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Опишувајќи ги односите меѓу државите-членки на двата блока, Тукидид вели дека Спартанците не барале од своите сојузници да плаќаат данок, туку биле задовони со воспоставување олигархии, кои работеле во интерес на Спартанците.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тие не сакаат една изборна единица и отворени листи на кандидати. Прекрасно знаат дека народот нема да гласа за партии, туку за поединци.

Ана ПАНОВСКА
Како и да е, доаѓаат убави времиња за Скопје. Се разбира, ако новиот градоначалник Ѓорѓиевски е послушен, покорен и со благодарност клима со главата на сите замисли на Мицкоски. Ќе си стои во заднината и нема да се топори пред шефот.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Реформите во нашата држава се заради нас самите, а не заради некој друг. Тука, пред сè, е борбата против криминалот и корупцијата, кои за волја на вистината, станаа присутни во нашето секојдневие токму кога се насочивме кон ЕУ.

Љубомир ГАЈДОВ
Малески паѓа во заблудата на Платон и неговиот ученик Аристотел за „атинската демократија“ со робови, каде што жените немаат право на глас!? Платон не се согласува со тврдењето на Малески дека Тукидид е „голем мислител“.

м-р Владо ЈОВАНОСКИ
Проценувам дека НАТО ќе продолжи да постои во досегашниот облик (барем на среднорочен план), но со зголемена неефикасност, односно намалена операбилност поради политички несогласувања на земјите-членки на НАТО.