Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„ГЕНЕРАЛКА”, НЕ САМО НА УЛИЦИТЕ, ТУКУ И ВО ИНСТИТУЦИИТЕ
Откако локалните изборите завршија, сега неопходно е да се спроведе најавената „генералка“. Всушност, потребно е чистење, не само на улиците низ Скопје, како што најавува новиот скопски градоначалник, туку и во институциите на системот.
ДОМОВИ НА ПЕКОЛОТ
„Фокус“ располага со имињата на неколку Домови за стари лица, за кои поблиските членови на нивните семејства реагираа до нашата редакција, со цел, како што велат, да успеат да ги спасат и барем да проживеат мирно тоа малку од животот што им останува.
„ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ” ВО ПРАВОСУДСТВОТО
По завршувањето на локалните избори, премиерот Мицкоски, во неколку наврати, најави дека ќе ја реализира робусната акција во правосудството. Реалноста е дека засега нема никакви законски услови за да се направи некоја поголема реформа.
ИНТЕРВЈУ СО АЛЕКСАНДАР ТАСЕВСКИ
Една од најстратешките институции во државава, Македонска навигација (М-НАВ) е разнишана од недостиг од контролори на летање, застарена опрема и од партиски вработувања. Во моментов, во Македонија има само 70 контролори на летање, иако потребни се 130.
НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРИТЕ
Онлајн-закани, јавни навреди и физички напади станаа дел од реалноста на македонските новинари. И покрај законските измени и апелите на здруженијата, неказнивоста останува најсилното оружје против слободата на медиумите.
ДОБРИТЕ СТРАНИ НА НИСКАТА ИЗЛЕЗНОСТ
Кој можеше да верува пред една деценија дека Стевчо ќе стане непријател на вмровците, а Максим нивен сојузник? Многу работи изгледаат невозможни, додека не станат неизбежни.
НОВИ ЦЕЛИ НА ТРАМП
Ако минатата година, Украина и Израел беа двете дежурни воени жаришта, сега имаме нова ситуација, каде што буквално целата Земјина топка станува потенцијално боево поле.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Тукидид пишува дека „Атина е наречена демократија затоа што не е организирана во интерес на малкумина, туку на мнозинството“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Трпение-спасение, веднење глава и седење во скутот на стопанот се главните симптоми на уклевниот Македонец. Дијагнозата се користи во различни контексти, најчесто кога се манифестира одредена пасивност за некои општествени, политички или морални прашања.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Гласот на оние што не излегоа на гласање и, особено, на оние што со полна политичка свест ги направија своите гласачки ливчиња за „неважечки“ (кои, според мене, се со најголема политичка важност), носи темелна и огромна политичка порака.
Ана ПАНОВСКА
Мислам дека нема да мине уште долго време кога и самите вмровци и нивните сателити ќе бидат благодарни за тој државнички потег на СДСМ – Преспанскиот договор.