1558

by bogdan 19:38
19:38

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ШТО ЌЕ ПРЕСУДИ НА ИЗБОРИТЕ?
Исходот на претстојните локални избори во албанскиот блок ќе ја одреди и целокупната политичка диманика, од причина што ако ДУИ постигне убедлива победа, тогаш многу тешко ќе му биде на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи мирно да владее со ВЛЕН, односно ќе биде под притисок да прифати предвремени парламентарни избори.

ВЕТРОПАРК
Државата е сè уште сопственик на парцелите врз кои ќе се градат ветерниците. Оттука се поставува прашањето врз основа на што инвеститорот добил дозвола и почнал да гради, ако нема свое земјиште или, пак, не склучил договор со владата за закуп.

ТЕНДЕРИ
Над илјада фирми минатата година добиле тендери од општините во државата, но само 10 од нив добиле дури една четвртина од тендерскиот колач. На врвот на листата е компанија основана од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, но веќе со години е во сопственост на грчка компанија.

КРИПТОВАЛУТИ
Во моментов се разгледува и се анализира начинот на издавање, тргување и вложување со криптосредства, велат од Министерството за финансии за „Фокус“. Засега сè уште не постои конкретна регулатива што го уредува ова прашање, но во изминатиов период сè повеќе во јавноста се актуализира можноста за регулирање на криптовалутите.

ДРЖАВНА МАТУРА
Просекот по државната матура се искачи на 3,69. Највисок во последните неколку години, со посебен напредок во математиката и јазиците, но зад бројките сè уште демнат стари проблеми: нерегуларности, нееднакви услови и непостојан квалитет.

ФАТЕНИ НА ДЕЛО
Гласачите кон партиите, се чини, се однесуваат токму во ист дух, имајќи толку многу доверба во нивната искрена посветеност на идеалот, што им даваат дозвола за крадење и за лажење, ако лидерите процениле дека за потребите на успешното извршување на мисијата, е неопходно да се краде од сопствената држава и да се лаже сопствениот народ.

СРЕДБА ПУТИН-ТРАМП
Главна тема на дискусија ќе бидат можностите за долгорочно мирно решение на украинскиот конфликт. Покрај тоа, лидерите ќе разговараат за економски проекти на Алјаска и на Арктикот, за кои Москва и Вашингтон гледаат „одлични и заемно корисни перспективи“.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
По неуспешниот разговор, на излегување од кабинетот, се судирам со Бранко Црвенковски, кој ме прашува: „Што ќе зборуваш?“ „Ќе чуеш“, му одговарам и заминувам. Никогаш порано не го интересирало тоа што се сметаше за надлежност на претседателот, ниту, пак, некогаш сме разговарале за надворешната политика. Се разбира, сите политички чекори ми беа погрешни.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Секојдневни медиумски безобѕирни меѓупартиски препукувања и полевања со помија, армија тролови и ботови на социјалните мрежи и црни кампањи од партиски активисти, но и целосна забеганост на денгуби со озборувања за секого и сешто. Сè според принципот „слушај јас што зборувам, а не гледај што правам“.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Моделот и начинот на организација и вршење на власта остана ист! Веднаш по изборите се заборави на ветувањата, а целото внимание се насочи кон зацврстување на партиските позиции во органите на власта, особено во Судскиот совет и изборот на судии и Јавното обвинителство.