1559

by bogdan 19:44
19:44

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

БОЛЕН УМ
Да му отвориш на некој граден кош, да го расечеш, а реално за тоа нема потреба, за само да ставиш илјадници евра в џеб, е монструозно. Повеќе од јасно ни е што кријат јавните здравствени установи, но уште пострашно е тоа што кријат приватните.

ПРОДАЖБА НА ХОТЕЛОТ ,,ИБИС”
 „Орка Холдинг“, лани го продала хотелот ,,Ибис” на  „Муфрима Инвестмент“ со седиште во Дубаи за 5 милиони евра. Зошто Камчеви одлучиле да ја продадат фирмата  во чија сопственост е атрактивниот хотел, кој, патем речено, работел профитабилно, и тоа за помала цена од инвестираните средства?

ИНТЕРВЈУ | ИГОР ФИЛКОВ, МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА
Министерот за правда, Игор Филков, веќе една година е на министерската фотелја. Иако новата владејачка гарнитура ветуваше итни измени на Кривичниот законик, за да се поправат штетите од скандалозните измени од пред две години, сепак тоа сѐ уште не се случи. Министерот објаснува зошто, а одговара и до каде се другите реформи во правосудството.

СТРАТЕШКИ МИНЕРАЛИ
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини предложи два важни предлог-закони за геологија и за рударство, кои предизвикаа цунами од реакции меѓу граѓаните и екозаедницата. Под изговор на „стратешки проекти“ и „одржлив развој“, власта отвора врата за влез на експлоататори на руда.

ТЕТ-А-ТЕТ СРЕДБА ПУТИН-ЗЕЛЕНСКИ?!
Она што дипломатски се случуваше минатава недела е голем исчекор напред кон мирот, но не и гаранција за брзо решение на конфликтот. Добро што се постави некаква рамка околу што конкретно ќе се преговара, иако тоа не значи дека ќе има лесно решение, бидејќи меѓу ставовите и интересите на едната и другата страна има дијаметрално спротивни разлики.

ПАРТИЈА НА ХАРТИЈА
Во теорија, сите сакаат јавниот функционер да биде принципиелен. Во пракса, секој се надева да „не го тупи“ многу функционерот кога ќе му се побара услуга и да биде подготвен да „искочи у сусрет, онака људски“ што би се рекло. Како и во бракот, кога пред други луѓе може да се правиш важен, ама дома, пред жена ти и децата не, оти те знаат што сорта си.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
„Во секој случај“, бележам, „нужен ни е внатрешен консензус околу надворешната политика. Причина? Прво, судирите внатре ја слабеат нашата позиција надвор и второ, од аспект на министер за надворешни работи, физички и психички е неиздржлива битката на два фронта – надворешен и внатрешен“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Невозможно е да отпочне процес на нова парадигма со издишани, апатични и зомбирани секташки стада. Сè додека „споил“ системот на плен и грабеж не се замени со „мерит“ систем на способности и заслуги, стадата што ги фетишизираат своите водачи „трева ќе пасат, ама за нивниот ‘папкар’ ќе гласаат“.

Ана ПАНОВСКА
Диригентската палка и за овие локални избори е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Таа отсекогаш знаела што треба да се прави за да се изведе еден успешен какафониски концерт; која виолина што ќе свири, кои удиралки по кои „човечиња“ ќе удираат, кои клавијатури ќе ја успиваат публиката и кои тапани ќе ја заглушуваат вревата од незадоволниот осиромашен народ.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Наместо ресорниот министер и владата во целост да се зафатат со решавање на овој горлив долгогодишен проблем, тие, ниту срам, ниту принципиелност, во очи на локалните избори распишуваат огласи токму за државни и локални службеници.