1556-1557

by bogdan 19:54
19:54

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

УААА ДРИБЛЕРИ!
Со децении живееме во импровизирани услови, во гнил систем, кој пука по сите шевови. Само треба да си признаеме дека не сме кадарни за вакви големи европски настани, бидејќи, наместо лажната слика што ја имаме за себе, грдата реалност ќе ни ја плеснат в лице, но и ќе ја презентираат ширум Европа.

ЗАБРАНЕТИ БИЗНИС АДВОКАТСКИ ИНТЕРЕСИ
Сè почнува од фирмата на министерот Тошковски, која завршува во рацете на познатиот адвокат Владо Пешликоски, кој, пак, во меѓувреме има уште неколку фирми на релација Македонија – Бугарија. Нивна основна дејност е изнајмување и управување со недвижен имот и консултантски услуги, што, според прописите на Адвокатската комора, не е дозволено.

СТАНОВИТЕ ,,ПЕРАЛНИЦИ” НА ЦРНИТЕ ПАРИ
Просечната цена на становите за јули е 1.828 евра за квадратен метар, што е за 6 евра повисоко од минатиот јуни.  За споредба, лани во август, просечната цена на становите изнесуваше 1.500 евра за квадратен метар, што значи дека за нецела година, цената на квадратот скокнала за 330 евра.

ОБИЧНИ ИЛИ РЕФЕРЕНДУМСКИ ИЗБОРИ
Ако ДУИ постигне чиста и недвосмислена победа, која би подразбирала и победа во општините каде директно ќе се судар со фронтмените на ВЛЕН (Чаир и Тетово), тогаш ВМРО ќе биде пред избор дали да прифати брзи вонредни избори, по кои би можеле да се доведат во ситуација да коалицираат со ДУИ.

НЕЗАВИСНИТЕ ЌЕ СТАНАТ ПАРТИИ
Засега е најавено формирање на две нови партии, едната од Зелен хуман град, додека втората ќе биде заедничката платформа, која ги обединува Независни за Карпош, Шанса за Центар и Зелените од Гази Баба.

ИНКЛУЗИЈА ИЛИ ИЛУЗИЈА?
Во училниците ширум земјава, сè повеќе деца со попреченост стануваат дел од редовниот образовен процес. На хартија, тоа изгледа како победа на инклузијата. Но, во реалноста, многу од тие деца се чувствуваат сами, изолирани или, пак, препуштени на некомпетентна „помош“.

СТИВНУВА ЦАРИНСКАТА ВОЈНА
Судејќи по договорот со ЕУ, каубојската тактика на Доналд Трамп преку закани да дојде до подобри договори почнува да раѓа плод. Многумина договорот со ЕУ сметаат дека е апсолутно во корист на САД.

МОДЕРНИ КОМИТИ И ПАРТИЗАНИ
Ако пред осум децении, водачите на СССР, САД и на Велика Британија биле нарекувани „големата тројка“, во наше време, Мицкоски му доаѓа нешто како Сталин оти е семоќен лидер на најголемата сила, која ги презема најголемите ризици и ги задава најсилните удари,  а Максим Димитриевски е нешто налик на Френклин Рузвелт.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Наместо средба, Венс ми ја кажува големата вест. Тој зборувал со Бутрос Гали и дека генералниот секретар конечно официјално го проследил нашето барање за членство до претседателот на Советот за безбедност, Јошио Хатано.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Садо-мазо континуум на синдромот на самоуништување е одлуката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за првпат во три и пол децениската самостојност, да не истакнува кандидати за градоначалници во западниот дел од Севернава територија, туку уште во првиот круг да даде поддршка на ВЛЕН.

Кристоф ЛЕ РИГОЛЕР
Новата стратегија особено ја нагласува клучната улога на Франција во зајакнувањето на европската одбрана и стабилноста на нејзиното источно соседство, било во рамките на ЕУ или НАТО, во кој Франција ќе остане доверлив и кредибилен сојузник. Франција сака, заедно со своите партнери, да биде вистински европски столб на НАТО.