1554

by admin 22:17
22:17

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ИЛИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЛЕГИТИМИТЕТ?
Изборниот исход во албанскиот табор во голема мера ќе ја одреди судбината на актуелната Влада. Ако ВЛЕН постигне добар резултат, тогаш налетот на ДУИ ќе спласне и таму може да се очекуваат внатрешни процеси и раздвижувања, како во рамки на партијата, така и во рамки на коалицијата.

СО ГОЛИ РАЦЕ ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ
Десет години, пожарникарите добиваат опрема само како донација од странски амбасади и од домашни компании наместо тоа да го обезбеди државата преку Централниот буџет. Но, затоа, државата лани потрошила над 8,5 милиони евра за нови службени автомобили.

ПРАТЕНИЧКИ ПАТНИ ТРОШОЦИ
Значајно намалени од претходните години, но, сепак, солидни суми кај дел од пратениците. Бројките кај некои пратеници што живеат во градови подалеку од главниот град Скопје, изнесуваат околу 900, 700 или 600 евра месечно поврат на средства за патни трошоци направени за патувањата до Собранието.

НЕСТРУЧНИ ОБВИНИТЕЛИ
Иако ревизијата на републичкото јавно обвинителство, но и дисциплинската комисија, потврдија нестручно и несовесно постапување на двајца виши обвинители, сепак предметите што згаснаа со нивен амин, никогаш нема да ја дочекаат правдата. Тие заминаа во минатото, во моментот кога вишиот обвинител кренал раце од нив.

ЈАЗИКОТ ПОД ЛУПА НА ПОЛИТИКАТА
Во време кога македонскиот јазик повторно станува предмет на политичко преиспитување, суштината на отпорот не се мери само во дипломатски реакции, туку и во длабоката свест за неговата вредност. Јазикот не е само средство за комуникација – тој е еден од најсилните носители на националниот идентитет.

РЕПОРТАЖА ОД КАНАДА
Веројатно, додека физички не посетиш некое место, не можеш да бидеш сигурен дека знаеш нешто повеќе за начинот на живот на луѓето таму. Таков беше мојот пример со Канада, која во само една недела успеа да ми урне стотици предрасуди и стереотипи, кои со години сум ги земал здраво за готово.

КУЌАТА СЕКОГАШ ДОБИВА
Секој гласач што ќе се разочара од ВМРО-ДПМНЕ, а сака да го изрази својот револт, речиси по автоматизам ќе биде привлечен да гласа за советничките листи на Левица, со што таа партија ќе може да добие многу повеќе советнички места отколку што би добила во нормални услови.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Амбасадорот на Шпанија, која зедно со Британија и Франција, нешто подоцна, ќе излезат со предлогот за референцата, вели дека формалното циркулирање на барањето на Македонија нема повеќе да се одложува, но остави можност за продолжување на консултациите во Советот за безбедност, до постигнување единствени позиции.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Според актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев, „од околу шест и пол милиони население, над два милиони по потекло се од Вардарскиот и од Беломорскиот дел на Македонија, речиси еден милион се Турци, околу половина милион Цигани, стотина илјади Помаци“.

Ана ПАНОВСКА
Централната власт секогаш си има отстапница. Ги влече невидливите конци со кои како со дизгини ги држи „началниците“ послушни и покорни, да не мислат и да не се јогунат, туку под рогозина затскриено да ја бркаат работата што се очекува од нив и заради која баш тие се одбрани од партијата да бидат кандидати за началници.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Историјатот на „Македонското прашање“ за и во Бугарија не е од вчера и нема да заврши утре. Бугарија и нејзиниот спонзор Германија ќе го држат отворено ова прашање сè додека ја имаат моќта на евронацизмот.

Ристо НИКОВСКИ
Малески очигледно не разбира дека дипломатијата е борба за сопствените интереси, а не можност за размена на плезантерии. Мојот разговор со британскиот потсекретар во Форин офисот, Гринсток, иако Малески сака тоа да го прикаже како нешто погрешно, е класичен пример како мора да се водат сериозни дипломатски разговори.