Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„ЕЈ МОРЕ ПРЕМИЕРЕ, БРЕ, ЌЕСЕТО ТИ ИЗГОРЕ”!
За жал, проблемот со намалениот наталитет е многу повеќе комплексен и не се решава само со иницирање мажачки и женачки. Не дека со повеќе склопени бракови нема да се зголемат и шансите за зголемување на наталитетот, но главниот проблем за сѐ помалку бебиња се крие на друго место, а не во умот и желбата за основање потомство.
,,ДИЛ ОРИЕНТЕД” МИНИСТРИ
Актуелниот министер за внатрешни работи, покрај адвокатската кариера, располагал и со фирма, но во сосема друга област и тоа тој успешно пливал и во консултантските води. На листата најбогата, но и со огромна бизнис-кариера позади себе е и министерката за финансии, Димитриевска-Кочоска. Во бизнис-водите пливаат и министрите Мисајловски и Ристовски.
ИНТЕРВЈУ | АФРИМ ГАШИ
Не сум ја презел оваа позиција со намера да направам чуда, туку со длабока посветеност да воведам нова култура на работа, заснована на транспарентност, етика, ефикасност и институционално достоинство, вели собранискиот спикер Гаши во интервју за „Фокус“.
КОЈ ГИ ШТИТИ ЗАГАДУВАЧИТЕ НА МЛАДОСТ?
По извршените анализи на Центарот за јавно здравје Велес, препораката е дека водата во езерото Младост не смее да се користи за капење и рекреација, додека не се изврши испитување од стручна институција, која ќе докаже дека во езерото нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини.
ДАНОК
Сериозниот предлог на премиерот Мицкоски за воведување даноци за немажени и неженети лица, кој траеше околу два дена, по сѐ изгледа нема да стане реалност, но она што повторно се враќа се ретроградните идеи за спас на нацијата и државата на грбот на дел од граѓаните што од одредена причина не се во брак.
ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ
Дел од младите повеќе не го гледаат членството како прашање на вредности и иднина, туку како далечна геополитичка игра во која тие немаат глас. Во услови кога ЕУ го губи кредибилитетот, а домашните институции не успеваат да воспостават транспарентна и искрена комуникација, се отвора простор за дезинформации, манипулации и дефинитивно отуѓување на младите од самиот процес.
ТОМПСОН СОБРА ПОЛОВИНА МИЛИИН ЛУЃЕ
Кога во држава која ги родила Оливер Драгојевиќ, Мишо Ковач, Тереза Кесовија, Дорис Драговиќ, Нина Бадриќ, Јосипа Лисац, Масимо Савиќ… 500.000 луѓе ќе купат билет баш за концертот на нацистот Томпсон – тоа не може поинаку да се протолкува, освен како голема и страшна политичка порака.
ЛУКСУЗ ИЛИ БАКСУЗ
Мицкоски е „богат“ со рејтинг и кога дава контроверзни најави од типот дека ќе воведува данок за немажени и неженети, со тоа симболизира дека има рејтинг и за фрлање и не му гајле колку ќе го чини тоа во проценти од изгубена популарност.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Како што гледам на работите денес, претседателот Глигоров едноставно се ослободи од двостраниот притисок за барање рано решение за спорот – притисокот од Британците и мојот, како негов најблизок соработник во сферата на надворешната политика. Зошто не ме информира за планот да ја 0смени политиката?
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Политичките кримоси прекрасно знаат дека со целосно отворени листи без изборен праг ќе ја изгубат својата моќ и ќе заминат на буништето на историјата. Затоа, против отворените умови креираа искривоколчен систем со затворени листи, во кој губитници се сите што мислат или дејствуваат поинаку од нив.
Ана ПАНОВСКА
Во Европскиот парламент Мицкоски доби таква шлаканица која просто го зашемети. Ах, бре ВМРО-ДПМНЕ, вашево излезе како онаа мудра стара поговорка: „Барајќи шут рогови, си ги изгубил и ушите!“
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не знам кој е интересот и која е веројатноста Руската Федерација да ја нападне и да ја окупира Република (Северна) Македонија, но (барем за мене лично), извесно е дека воената опасност за нас не доаѓа од таму, туку напротив, од нам соседните членки на НАТО.