1552

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„КРВАВИ“ РАЦЕ
Мицкоски треба да ја сфати сериозно Арсовска, без разлика што љубовта меѓу нив одамна заврши, а омразата пршти од сите страни. Не може народот да е жртва на беззаконието во државава, на личните пресметки, на подмитените, на криминалот и корупцијата.

ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА ИЛИ „ТОКМЕЊЕ“ НА ИМОТОТ ЗА ВЕЌЕ ПОЗНАТ ГАЗДА?
Парцелата на атрактивна локација во Гевгелија, од речиси 19.000 квадратни метри, која беше одземена од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, а која првично беше проценета на 4,5 милиони евра, државата го продава за 916.000 евра. Дали првата вредност била „надувана“ или, пак, имотот по поволна цена се „токми“ за некој веќе познат нов сопственик?

ПОЛИТИЧКА НАМЕСТО СТАТИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА
Власта најави можност за спроведување нередовен попис откако Уставниот суд укина делови од методологијата, која овозможи, покрај попишувањето на луѓе што најмалку една година престојувале во земјава, да се евидентираат и нерезиденти, односно наши иселеници во странство, што предизвика конфузија и различни интерпретации на пописните резултати, зависно од етничкиот диоптер.

СКОПЈЕ ЌЕ ИМА 31 ЖЕШКА НОЌ ГОДИШНО, ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД СЕГА
Екстремните температури во Македонија и посебно Скопје, кое ќе биде потопло за 4,7 Целзиусови степени, ќе ги полнат болниците со итни случаи, ќе ги влошуваат хроничните болести, за кои и онака нема секогаш терапија, особено кај постарите граѓани и луѓето што имаат ниски приходи.

ДУРИ 40 ОТСТО ОД МЛАДИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ОСАМЕНО!
Осаменоста е најголемиот страв на новата генерација, односно дури 40 отсто од младите, а потоа следуваат стравот од отфрлање со 33 отсто и изолација од пријателите со 27 отсто. Загрижувачки број од нив признаваат дека немаат со кого отворено да разговараат за своите проблеми.

СИТУАЦИЈАТА ВО СРБИЈА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА
Србија на моменти е буквално парализирана. Граѓаните, на стотици различни точки во повеќе стотици населени места вршат ненајавени блокади на клучните сообраќајници. Тактика со која жандармеријата барем засега тешко се справува, а е одговор на жестокото задушување на големиот видовденски протест на студентите и на опозицијата.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА НЕЗАСЛУЖЕНИТЕ ОЦЕНКИ
Ако Мицкоски е ученикот што се фали дека му се сите петки, наставници на наставничкиот совет се Виктор Орбан и Кир Стармер, кои со давање кредити му помогнаа да ги поправи инаку скромните оценки.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
На крајот од разговорот, во кој се забележуваа јасни контрадикции во излагањето на Гринсток, повторно беше нагласено дека промената на името ќе значи дестабилизација на земјата и на регионот, бидејќи Македонија е најчувствителниот нерв на Балканот (а не Косово) и дека тоа очигледно не се разбира или недоволно се разбира во европската заедница.

Ана ПАНОВСКА
Затоа ги молам естрадните уметници, на своите јавни настапи, една година да се воздржат и да не ја пеат песната „Ми заплакало селото Ваташа… тринаесет роса младинци носат…“! Така е ред во ова време, кога цела Македонија заплака и сѐ уште плаче за денешните „шеесет и двајца роса младинци“… кои ги однесоа во најстрашна смрт, таму негде Кочанско!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Треба да се биде историски наивен дека по сто и педесет години настојчива борба и исто толку години пораз, Бугарија така едноставно и „доброволно“ ќе се откаже од својот „влажен сон“ за територијално проширување за сметка на Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Политиканти не бидуваат политичари, а уште помалку државници. Тие се фолиранти, ликови што мамат и се преправаат дека се нешто што не се. Сурати, кои креираат лажна слика за себе. Во преносна смисла, измамници. Синоним за дволичници и манипуланти.