1551

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПОЖАРИ
Пожарите почнаа да беснеат во регионот, а ние ќе се молиме летово да ги има што помалку. Од три авиони за гаснење на пожар, еден е сервисиран и подготвен, вториот би требало да стигне следната недела, а третиот покажал посериозне дефект, па ќе бидет потребни повеќе денови од предвиденото. Пилоти пак ни за лек.

БРЗАТА ПРУГА
За проценетата вредност од 1,76 милијарди евра за изградба на 200 км двоколосечна брза пруга е земена најниската цена од 8,8 милиони евра по километар. Кога на ова ќе се додадат најмалку 70 милиони евра за проектот и 176 млиони евра за Надзорот се доаѓа до сума од 2 милијарди евра.

ПАРКИНГ НА КЛИНИЧКИ
Со паркингот на Клинички центар, со години управува ЈП „Градски паркинг“ Скопје. Повеќе од јасно е дека овој бизнис претставува златна кокошка од која многумина можат да се офајдат. Па, поради тоа се и редовните препукувања меѓу партиите, за да ја присвојат оваа бизнис-зделка.

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
Министерката за образование најавува голема дигитална трансформација до 2027, обуки за наставниците, оптимизација на системот и секако – првите чекори кон примена на вештачка интелигенција во наставата. Се зборува за персонализирано учење, алгоритамска анализа на напредокот, интелигентни едукативни алатки.

ПОДГОТОВКИ ЗА ВОЈНА
Постои надеж дека согласно најавите на Трамп краткорочно може да дојде до некакво смирување но тоа дефинитивно ќе е само затишје пред бура која сигурно доаѓа на секаде низ светот.

ПОЛИТИЧКИ АКВАРИУМ
Ако сакаш твоите омилени политичари да останат динамични, активни и полни со енергија ко норвешки сардини, мораш да ги држиш во политички аквариум во кој има по некој сом или дури и група на сомови поради кои постојано ќе бидат на штрек.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Сите дотогашни планови со Британците ги правевме во копродукција. О Нил ми го даде својот извештај наменет за самитот во Единбурга, на корекција. Исфрлав пасуси, менував зборови, давав сугестии…

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во трансформираната своевидна Северна Дивтарија саглам човеците се сотруваат со меритоцид. Концепт на партизација со алјази и џамбази од двете македонски статус кво партии, кои креираат и создаваат перманентно интелектуално, морално, цивилизациско и вредносно разградување.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Војната, особено во нејзиниот „најтопол“ облик, сама по себе е најголемата еколошка и хуманитарна катастрофа предизвикана од човекот. Многу далеку од неа не е ниту „ковид“ фармацевтската индустрија. Комбинираните дејствија на овие две индустрии на смртта се на сцена веќе неколку години.

Ристо НИКОВСКИ
Политиките за коишто се залагаше Малески и тогаш, ама и денес (Нивици), во голема мерка се – погрешни. Иако од  самиот почеток беше во центарот на настаните, тој се’ уште не е спремен да ја објасни генезата за сите наши голготи низ коишто се’ уште минуваме, еве веќе 35 години.