Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
РУБИКОН
Тајниот сопственик на ,,Рубикон”, Нацев, редовно го користел името на партијата ВМРО-ДПМНЕ, за да може вртоглаво да го тера бизнисот со обезбедувањето. Тој, под закрила на вмровците, самоиницијативно или со нивна помош мошне бргу се „разработил“.
ГОЛЕМИТЕ ПРОТИВ МАЛИТЕ
„Големите“ партии не успеваат да постигнат консензус за една изборна единица, што ќе им овозможи на „малите“ партии шанса самостојно да изборат влез во парламентот и потоа да водат автономни политики.
СВЕДОШТВО НА ПРЕЖИВЕАН ОД АВИОНСКА НЕСРЕЌА
Македонија памети неколку трагични авионски несреќи, но се чини најголемите две се случија во кобната 1993 година, кога загинаа вкупно 200 луѓе. Еден од вкупно 13-те преживеани, од првата несреќа, и по 32 години вели дека се буди и легнува со трагедијата.
МЛАДОСТА СПАКУВАНА ВО КУФЕР
Економските мотиви за иселување кај младите не може да се гледаат одделно од политичко-институционалниот контекст, бидејќи ниските примања често се резултат на корупцијата, клиентелизмот и неефикасноста на институциите.
ИЗРАЕЛ И ИРАН
Иако многумина ликуваат поради големите уништување во Тел Авив и политичката криза на владата на Нетанјаху, реалноста е дека власта во Техеран е многу позагрозена. Штом САД и Русија директно се вклучуваат во преговорите – опасноста од сеопшта војна на Блискиот Исток станува сѐ пореална опција.
ВОЈНИ
Многу често сакаме да видиме и во политиката и во војните некаков доброорганизиран таен заговор, дека за сѐ што е лошо некој скриен центар на моќ креирал мрачно сценарио и влечел конци од зад кулисите за тоа да се случи. Ама обратно е.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Бидејќи претседателот Глигоров ужива голем углед во светот како мудар и умерен политичар, „покажувањето заби“ ќе биде јасен знак дека сме дотерани до ѕидот и дека ќе мора да се преземе нешто кон РМ…
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Чалам и блам. Градски фаци, инфлуенсери, финтаџии, академци со фалц дипломи, политиканти, некадарни функционери, невротичари, нарцисоиди, арамии, манипулатори, факмани што умеат да „прават“ пари… Во суштина, лит мари и леки мажи, на кои алот ни кучиња не им го јадат.
Ана ПАНОВСКА
Ете, поминува цела година откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Година исполнета со надеж и исчекување кога ќе го раскинат тој погубен Договор со Грција и конечно да си го вратиме старото име, Република Македонија. Добро, сега малку треба да се стрпиме, да си траеме, да не брзаме.
М-р Панзо АНДОНОВ
Треба да сфатиме дека времето не работи за нас и треба да извлечеме поука од сегашната енергетска состојба и од досегашните неуспешни обиди, а со цел инвестицискиот циклус за сите актуелни хидроелектрани да тргне од мртва точка.