1549

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МОРЕ, И МАЛКУ НИ Е!
Бидејќи Мерко си терал луксуз со народни пари, додека општината била задолжена до гуша, се чини дека некој друг, уште многу одамна, требало да му ја испорача осудителната пресуда. Првенствено требало да реагира неговата матична партија ДУИ, чиј образ го извалкал, ама бидејќи таму немаат образ, требало да скокнат стружани.

БРЗАТА ПРУГА
Владата најави дека ќе ја изгради брзата пруга за пет години и за само 1,3 милијарди евра, а потоа ќе остварува приходи од 120 милиони евра годишно. Инженерот Филип Ивановски смета дека пругата не може да се изгради за пет години, таа ќе чини над 3 милијарди евра и ќе нема никаков импакт врз македонското стопанство.

МАТНИ ЗДЕЛКИ
Намалувањето на болничките инфекции е блокиран процес, но затоа, пак, победничката компанија во моментов управува со пералницата на скопските клиники и постојано има финансиски проблеми.

ДИВОГРАДБИ
Во цела држава се пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти – повеќе од половина биле легализирани, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

ПАДОТ НА УКИМ
Најстариот универзитет во земјава повеќе не се наоѓа меѓу 2.000-те најдобри во светот. Стручната јавност предупредува на системски пропусти додека надлежните најавуваат реформи и зголемени инвестиции во академскиот сектор.

РЕПОРТАЖА ОД ВАРШАВА
Шокантно е колку полското општество овие денови е оптеретено со некаква претстојна војна со Русија за која скоро сите тврдат дека е неизбежна. Она што Полска економски го има постигнато во последните три децении може да се мери само со Кина или Дубаи.

ФУНКЦИОНЕРИ
За некоја позиција да може да се борат само луѓе со одредено количество чест и морални вредности, кои нема да смеат да ги пречекорат, а за друга позиција да биде дозволено само докажано безобразни копилиња да се соочат со копилиња со исто толкаво ниво на безобразност.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Утврдив дека претседателот Глигоров никогаш не ми рекол експлицитно дека е за компромис. А, сепак, јас имав чувство дека е така. Некое време одбегнуваше да се изјасни, за на крајот да изјави: „Па, и јас сум за компромис!“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Парадоксално, но мојата „Бејби бум” генерација се роди во една држава, израсна и созреа во друга, зрелите години ги минува во трета, можно е во Царството небеско да замине од четврта, а постојано останува на исто место.

Ана ПАНОВСКА
Можеби Мицкоски познава повеќемина, на пример, негови министри, пратеници, високопрофилни членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои имаат бугарски пасоши. Што мора, ќе се трга! А бе, кај нив за корка леб се работи, нели?

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За жал, секоја досегашна влада, вклучувајќи ја и актуелнава, за да го набилда својот политички рејтинг, строго доверливо и доследно ги крие информациите за задолженоста на државата по сите основи од една, како и за финансиската корист или штета од странските инвестиции.