Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА „ОНКОЛОГИЈА“
На болните од рак им била одземена последната надеж преку лекување со погрешни лекови или ,,предозирање” со хемотерапија и биолошка терапија! Словенечките експерти потврдиле несовесно лекување кај 29 пациенти, додека пак дополнителни 18 биле потврдени од српските вештаци.
ИНТЕРВЈУ | ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ
Министерот Тошковски, веќе година и пол е на чело на МВР. По кочанската трагедија, тој истакна дека чувствува морална одговорност, но не поднесе оставка, за да ја истера правдата до крај. И покрај обвинувањата, во интервју за „Фокус“, тврди дека истрагата се води крајно професионално, без трошка селективност.
ФРАГМЕНТИРАНАТА ОПОЗИЦИЈА И НОСИ КОМОЦИЈА НА ВЛАСТА
Од партија која беше најсериозна конкуренција и алтернатива на ДУИ, Алијанса за Албанците влезе во циклуси на фрагментација. Дефинитивно, најновата поделба на партијата го потресе и до одредена мера го ослабе ВЛЕН, што му оди во прилог на ДУИ.
МИЛИЈАРДИТЕ
Од Тупурковски, па наваму, заразното ветување со милијардата го презедоа сите лидери на политички партии во своите предизборни кампањи. Ветените милијарди беа неверојатно лесен популистички и предизборен маркетинг, кој им донесе победи и на Груевски и на Заев.
БЕЗДОМНИ КУЧИЊА
На тлото на главниот град, кој треба да биде метропола и доказ за убавина во текот на 2024 година во СВР Скопје се добиени 880 пријави од граѓани за каснување од куче.
МАСОВНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ
По обидот за ликвидација на Путин и масовното користење на западни беспилотни летала на линијата на фронтот, руската армија веќе една недела не престанува со масовни ракетни напади. Сево ова тотално во сенка ги фрли мировните преговори, кои, кои сега изгледаат далечно како „кумова слама“.
БЕНЕФИТИ ОД ЗАВИСНОСТА
Едниот бенефит од немањето независни институции е што ако се води лоша политика, веднаш се гледа ефектот оти нема сопирачки кои би ги забавиле негативните хирови на власта, а и со сменета на власта може веднаш да се тргне во брза корекција на грешките.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Мора да демонстрираме способност да истраеме на патот да се сочува мирот и демократските институции. Тоа е што нè чини поинакви од многу други соседи во регионот. Македонија мора да остане тој позитивен пример.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Заклучокот се наметнува сам по себе – доколку не постои длабоко корумпирано општество, невозможно е масовно купување души и виреење на ендемска корупција. Џабе постоење бројни алатки и институции за антикорупција. Многу бабици – килаво дете!
Ана ПАНОВСКА
Што добива Велика Британија од нас за да ни даде 6 милијарди евра кредит? Досега многу големи умови, кои ги анализираат меѓународните односи, се согласни дека во големата политика не постои љубов, сомилост, верност, туку само интерес.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Станува збор за политички храбар (но не и мудар) чекор на актуелната власт која само за година дена се задолжи со седум милијарди евра. Оправдувањето дека тие пари ќе придонесат за зголемување на БДП, па од така зголемените пари ќе се враќа долгот немаат никакво економско образложение.