Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
БОЛНА СМРТ
Додека едни си прават циркуси, и тоа криминални циркуси, болните пациенти од рак се соочија со најстрашното признание – дека несовесно биле лекувани, ги предозирале, им крателе терапија, им давале погрешни дијагнози…
ЗАКОЧЕНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА
Додека архивска граѓа за матично работење се оштетува, уништува па дури и исчезнува, процесот на дигитализација на матичните книги се уште не е завршен. Иако за таа цел во изминатава деценија се потрошени 8,5 милиони евра, досега скенирани се само 52 проценти од записите.
БРИТАНСКИ КРЕДИТ
Не е точно тврдењето на македонската влада дека оваа агенција за првпат дава заем во земја од Југоисточна Европа. Во 2020 година, UKEF веќе го поддржа проектот за автопатот на Моравскиот коридор во Србија, така што на изведувачите „Бехтел и Енка“ им помогна да обезбедат 430 милиони евра кредит со гаранции на UKEF.
СУБВЕНЦИИ ЗА ЖИВОТ НА СЕЛО
Покрај главниот услов, младите двојки да не се постари од 40 години, е и да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина, во рамки на семејното земјоделско стопанство во следните 10 години. Пред 11 години, со ваков сличен проект излезе и Груевски.
ДУПКИ ВО ПАТАРИНИТЕ
И покрај значителните буџетски средства и годишни програми за одржување, состојбата на патиштата во Македонија останува загрижувачка, со сè поочигледен јаз меѓу институционалните планови и реалната слика на терен.
ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА
На денот кога Европа треба да го признае македонскиот идентитет, ние веќе на големо бараме алтернатива и веројатно не сме единствени во тој процес.
ТРОШОЦИ И ТРОШКИ
Некои трошоци носат долгорочна корист за граѓаните, ама од некои јаки инвестиции само трошки остануваат за народот. Со трошки се задоволуваат само гулабите.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
По заминувањето на Даглас Хог, дојде до целосен пресврт во надворешната политика на Република Македонија. Тој пресврт се институционализира во еден неформален документ наречен „Меморандум (за битните елементи во развојот на ситуацијата во и околу Република Македонија – тези)“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Народот рајатински никој не го прашува, неговото мрчење и негодување се глас во пустина. Разбира се, најбројни беа човеците од конфор зоната со коментари од типот „Баш ми е гајле“ и „Ич да не те боли што прават другите.“
Ана ПАНОВСКА
Арсовска се покажа баш тврд орев, па Славески мораше да ја примени врмровската тактика без око да му трепне, па со валканата вода го исфрли и детето. Го жртвуваше Скопје, го дотолчи градот, а на Данела живците ѝ ги искина, и тоа на еден софистициран, перфиден начин.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нема сомнение дека, независно од тоа дали Eвропскиот парламент ќе изгласа ваква или таква резолуција или, пак, бугарската влада заедно со претседателот Радев ќе продолжи да си ги тера евронацистичките тези за нас, Македонците и Република (Северна) Македонија како држава, ќе продолжиме да постоиме.