1546

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Тоа што се случи на 16 март не беше индивидуална трагедија, туку колективна несреќа од досега невидени размери. Покрај граѓаните, уште повеќе потфрли и државата! И таа многу бргу си се врати на вообичаеното секојдневие.


НЕМА ПАРИ ЗА ЧЕБРЕН
Новите информации велат дека во првиот инвестициски циклус ќе се позајмат околу 2,2 милијарди евра и тој циклус ќе трае пет години. Најголем проект во овој прв бран инвестиции е брзата пруга од Табановце до Гевгелија и тој се проценува дека ќе чини од 1,5 до две милијарди евра.


КРАЈ НА УСАИД
Милијарда долари помош и 30 години соработка останаа во поновата историја на Северна Македонија. Невладините организации, кои беа цел на кампања од мегафони на новата власт, искористиле само 10 проценти од парите на УСАИД.


МЕДИЦИНСКИ СКАНДАЛ
Повеќе од 15 години, преку набавката на медицинска опрема, се „плете“ една коруптивна приказна, а многумина функционери завршија со „рачињата во медот“. Над 200 медицински апарати, вредни преку 100 милиони евра, фаќаат прашина и скапуваат во подрумите, а пациентите умираат по болничките ходници.


ХОТЕЛОТ НА МИЈАЛКОВИ
Пријава, претставка и тужба до надлежните институции. Се нижат документите за хотелот на Мијалкови во Охрид. Освен градежната дозвола, се оспорува и урбанистичкиот план за хотелот. Противзаконската градба е закана за светското наследство!


ПРЕГОВОРИ ЗА МИР
Преговорите за мир изгледа дека добија нагло позитивен пресврт по телефонскиот разговор меѓу рускиот и американскиот претседател. По првичниот оптимизам на Трамп, Путин беше повоздржан, но, сепак, се гледа дека и тој е благ оптимист.


ПАРТИЈА И ФУНКЦИЈА
Како да очекуваме од граѓаните да се осмелат да мислат со своја глава, ако им се лутиме на партиските членови кога тие ќе мислат најбуквално со своја глава и ќе се спротивстават на лидерот на партијата со цел своите лични интереси да си ги задоволат?

 

Колумнисти:


Денко МАЛЕСКИ
Вториот план што ни го понудија Британците, да одиме во ОН со додавка „(Скопје)“, Глигоров не го обелодени. За волја на вистината, Мејџор му рече на претседателот дека „…се работи на чин на доверба, кој вреди да се направи“, но, додаде, „…само ако можете да го сторите тоа”.


Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Тажна приказна“! Така еврокомесарката Марта Кос иронично ја нарече Северна Македонија поради предолгото чекање на почнување преговори со ЕУ. Лицемерна и злонамерна констатација, бидејќи „тажна“ стана токму од мајтапењето и ругањето на блудницата вавилонска.


Ана ПАНОВСКА
Тапкаме во место и само бело гледаме кој сѐ ќе нѐ престигне на патот за ЕУ. Албанија и Црна Гора веќе, за нивна среќа, се одлепија од нас. Дури и Украина ќе ја кренат од пепелта, а ние тонеме тука, па тука. Како во „Заветна“-  „кај што тонеш, ти извираш“!


Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не е ниту малку случајно што криминалот и корупцијата царуваат во Македонија. Тие уште од самиот почеток на повеќепартиското политичко владеење се востановија како трајно и долгорочно заднинско зрачење во политичкото дејствување на партиите.