1545

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПОЛИТИЧКА НЕКРОФИЛИЈА
Редовно почнавме да се будиме и со по една жена убиена од својот партнер, но, за жал, предоцна да реагираме. Нивните имиња ќе останат да сведочат како жртви на насилството, кое можело да се спречи, но државата го дозволила. Го дозволуваше на времето, го дозволува и сега.

ИНТЕРВЈУ – АНЏЕЛА П. АГЕЛЕР
За актуелните закани за дестабилизација од политичката партија ДУИ, амбасадорката е децидна дека поттикнувањето конфликти никогаш не е конструктивно. Според неа, без разлика дали се во опозиција или на власт, партиите треба да се фокусираат на унапредување на благосостојбата на целата држава – не само на една група.

БРОЈЧАНИКОТ ВРТИ ВО МИНУС
Кога пред две години, политичарите го сменија Кривичниот законик за да ги спасат криминалците во политичките редови, излажаа дека измените нема да предизвикаат финансиски импликации. Сметките за судски и адвокатски трошоци од застарените случаи веќе се прокнижуваат, а државата го отвори ќесето за исплата.

ХРВАТСКА Е НОВАТА ГЕРМАНИЈА
Агенција бара готвач или готвачка за работа на островот Крк во Хрватска за плата од 2.100 до 2.800 евра, во зависност од искуството. Ова се прилично високи плати за македонски стандард, па затоа Хрватска стана новата Германија.

ХОТЕЛОТ НА МИЈАЛКОВИ
Невладините се обратиле до надлежните за објектот на Горица. Тврдат дека законските измени не ја озакониле градежната дозвола за хотелот на Мијалкови во Охрид , бидејќи не се спровела оценка за влијание врз животната средина. Затоа бараат уривање на објектот.

ДЕЛА И ЗБОРОВИ
На некои квизови на знаење, кога натпреварувачот нема доволно знаење од некоја тема, му се дава шанса да повика пријател, кој може да му помогне. Во војните и во политиката, многу често таква „помош“, во вид на одржана лекција, доаѓа ако се повика непријателот.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Мејџор повторува дека промена на името со додавката „(Скопје)“ би им помогнало на пријателите да ни помогнат , меѓутоа, ако решиме да го задржиме името „Македонија“, „тогаш ќе биде потешко“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Со лажниот и калкулантски патриотизам, во стремежот за брзо богатење го истакнуваа својот лажен патриотизам, сокривајќи ја на тој начин главната тема како бандитски се збогатиле врз плеќите на својот народ.

Ана ПАНОВСКА
Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10 д е чиста работа. Знаеме кој го протежираше, кој го договараше и кој го презентираше пред јавноста. Имаме име и презиме – Артан Груби!