1544

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

СЕ ДОГОВОРИВМЕ ДА СЕ ДОГОВОРИМЕ
По средбата со Мицкоски, веќе е јасно, Таравари треба да избере меѓу 2 опции. Едната опција е да соработува со Ахмети. Втората опција е да отфрли секаква соработка со ДУИ и да се обиде да постигне што подобар изборен резултат со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

РУБИКОН
Зошто е важно кој е формалниот сопственик на Агенцијата „Рубикон“, а кој во позадина управувал со компанијата? Вмровецот Александар Нацев, колку и да сака да стои настрана во приказната, сепак доказите се против него.

СЛУЧАЈ „ИЗГРЕВ“
Конечно се гледа крајот на 17-годишната судска голгота на обвинетите во „Изгрев“. Овој комплициран предмет, заврши со јасна порака дека обвинетите се невини. Сега државата е во небрано. Таа од сопствената каса ќе треба да ги обесштети обвинетите за неправдите.

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП
Одлуката на САД ќе има повеќе индиректно, отколку директно влијание врз целокупната македонска економија затоа што македонскиот извоз на американскиот пазар е мал. Речиси 90 отсто од извозот на Македонија оди во Европската Унија, а таа е погодена со високи царини од 20 отсто за сите земји-членки.

МУЛТИПОЛАРНОСТ
Да береш јагоди на плантажа за јагоди е многу посигурно отколку да береш диви јагоди во шума. На плантажа сите јагоди се пред тебе, ама во шумата треба да ги најдеш кај се. Изборот е меѓу квантитетот и квалитетот.

ИЗБОРИ ВО РОМАНИЈА
Романскиот пример јасно покажува дека никако не смее да се негира волјата на гласачите. Доколку тоа се преслика и во Франција, каде што, исто така, има обид за забрана на кандидатурата на јавниот фаворит, може да се очекува само посилен контраефект.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Предупредувам дека „…евентуалната војна во Македонија лесно ќе стане балканска војна до димензии без преседан“. Оттаму и овие обиди што ги правиме со превентивната дипломатија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Остана за навек вицот за Македонците и казанот во пеколот, каде што се вареле без чувари, бидејќи секој што ќе се обидел да излезе, другите го влечеле назад.

Ана ПАНОВСКА
Од пуста завист не можеме да мрднеме напред, не можеме да му дадеме простор на квалитетот да се изрази, на способноста да се размавне, на знаењето да се рашири, ако сакате и на природната убавина да се покаже.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ниту трага, ниту глас од потребата за цивилизациско помирување. За жал, и по осумдесет години од најкрвавата војна во историјата на човештвото, не се извлечени никакви поуки. Современиот човек оди кон ново разединување.