Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
Колку и да се прават напори да се докаже верижната одговорност, сепак постои опасност истата да се раситни. Доколку случајот со ваква гломазност влезе во судница, со над педесетина обвинети, тешко дека правдата некогаш ќе стане достижна.
ИНТЕРВЈУ- СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ
На 1 Мај, наместо на марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе протестира, а причини за големиот протест се најниските плати во регионот, кои не се зголемуваат во согласност со потпишаните договори додека владата и работодавците одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и сите други плати за најмалку 100 евра.
ТАРАВАРИ ГО СПАСУВА АХМЕТИ
Иако очекувањата за изборен пораз на ДУИ и повлекување на Ахмети сѐ повеќе се зголемуваа, сепак, целата атмосфера се промени со неочекуваниот потег на Таравари да се отклони од ВЛЕН, што ја менува рамнотежата на силите во албанскиот блок.
МИГРАНТИ
Европската Унија усвои нацрт-документ за земјите во кои ќе бидат вратени имигрантите. Засега Албанија ќе биде единствената експериментална точка, но веќе се зборува за слични кампови и во другите земји од Западен Балкан.
УРАГАНОТ „АРСОВСКА“
За само неколку месеци се ближи крајот на градоначалничкиот мандат на Арсовска. Таа слободно може да се декларира како една од најлошите градски мајки, но и жена со тежок карактер.
БЛАГИ КАЗНИ
За да ја избегнат казната, виновниците се подготвени да понудат многу повеќе пари, а тие повисоки суми се многу попримамливи за надлежните лица што треба да ја спроведуваат казната.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Претставникот на Алжир бара да се крене ембаргото за да можат да им испраќаат оружје на муслиманите и заклучува: „Покажавме многу трпение кон Србите, и тоа е злоупотребено. Треба да се покаже цврстина…“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Животен стил и филозофија на распашана команда! Фразеолошки израз за неодговорно однесување, разузданост, распојасаност. Крајни граници на распуштеност и неморалност. Небиднини, блам и губитништва генерирани од партократијата.
Ана ПАНОВСКА
Ако правдата е „селективна“, тогаш дефинитивно се работи за буквално класично изработена, смислена НЕПРАВДА! Тоа треба да му се каже на овој народ, кој бара и очекува брза и непристрасна правда.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Херојот на нашето време има инстинкт да преживее. Издржал многу, ќе издржи уште малку, но никогаш нема да го запостави и запусти своето семејство, самиот себе и државата во која живее.