Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗЛОДЕЛА
Колку и да паметуваме, факт е дека државата си ги уби своите деца, а Мицкоски и Тошковски уште истиот ден требаше да поднесат оставки. Тоа е морална одговорност и треба да се срамат што сѐ уште седат на тие фотелји и се појавуваат во јавност, а уште имаат уста да ја споменат трагедијата, која ја зацрни Македонија.
ХОТЕЛ НА МИЈАЛКОВИ ВО ОХРИД
Изградбата на нов хотелски комплекс во парк-шумата Горица 3 во Охрид предизвика лавина реакции. Кога ќе се вкрстат сите факти, може да се заклучи дека повеќе од една деценија, во време на разни власти на централно и на локално ниво, се пробивал патот и на креативен начин се премостувале пречките, со цел овој објект да го види светлото на денот.
НОВ ЗАКОН ЗА ЈО, СТАРИ „ФАЛИНКИ“
Она што најмногу боде во очи се новините околу разрешувањето на државниот јавен обвинител. И наместо сега со новиот закон да се надминат овие пропусти, се чини ситуацијата е уште полоша. Се додаваат нови, произволни причини поради кои може да се обезглави републичкото обвинителство.
ИЗМАМА СО ХРАНА
Од Агенцијата за храна и ветеринарство откриваат дека лепезата на „инвентивни“ измами со храна е широка, има од сѐ по нешто, вклучително и предекларирање, бришење рокови на производи и менување рокови на употреба.
ПАПАТА ФРАНЦИСК
Несомнено беше една од највлијателните личности во светот, познат по напорите за мир и дијалог, ставовите за простување и милосрдие на тие што ќе се покајат, градејќи го идеалот на папа на угнетените, маргинализираните и на сиромашните.
АЗИЛАНТИ ИЛИ ВИЗИЛАНТИ
Би била добра идеја, безобразните политичари народот да ги казни со издавање, не на дипломатски пасош или дипломатски таблички, туку со еден вид антидипломатски пасош, или антидипломатски сообраќајни таблички, кои, не само што не му носат дополнителни права на корисникот, туку и оние што веќе ги имал како обичен граѓанин, му ги ускратуваат!
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Глигоров продолжува да објаснува за грчките блокади на држава, која е гарант за стабилноста на регионот. Се вмешува и Скокрофт и вели: „Не можам да се воздржам да не се насмеам. Кога зборувам со Мицотакис и кога зборувам со вас, и двете страни ме убедуваат дека се столбови на стабилност“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Се туфкаат завалиите, прсти кршат што да прават, што да чинат. Дали е поарно „змија да апне или магаре да бапне“? Еуфемистички, во зародишот на новиот мултиполарен поредок, надворешната политика се наоѓа во амбивалентност. Синдром на шизофрена состојба, расцеп на менталниот дух, само да се биде раат.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бесрамно, цинично и подигрувачки звучат зборовите на актуелната еврокомесарка одговорна за проширувањето, госпоѓата Марта Кос, дека „Завршен е периодот на замор од проширувањето, Западен Балкан ќе процвета кога ќе влезе во ЕУ“.