1541

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

НЕСЕЛЕКТИВНА ПРАВДА ИЛИ „ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ“?!
Иако нема човек кој не се залага за целосна одговорност и за брза правда за кочанската трагедија, сепак, не треба да се дозволи од премногу осомничени да се изрелативизира вината на највиновните. Исто така, доста разочарувачки би било доколку еден мега судски процес почне да се развлекува поради големиот број на обвинети и самата сложеност на предметот, па за пресуда да се чека со години.

„145 СПОРТСКИ САЛИ“
Проектот за изградбата на салите стартуваше во 2009 година, но, наместо за три години, крајот не му се гледа ниту за 16. Простата математика покажува дека досега овој проект, за завршени 100 сали и 4 во тек, нѐ чинел над 63 милиони евра.

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК
Низ годините, бројките алармантно растат на заболени од рак. За лани, поточно за 2024 година, има 5.188 новорегистрирани случаи, а вкупниот број на прегледи е 93.555. Она пак што се намалува е медицинскиот персонал и лековите.

ВЛАДИНА КОШНИЧКА
Место во кошничката ќе нема за цигарите, алкохолот, вонсезонското овошје и за одмор во странство. Просечната потрошувачка кошничка, што до крајот на месецот ќе биде презентирана, ќе се однесува на тричлено семејство наместо на четиричлено.

МОЖЕН КРАХ НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СИСТЕМ
Помина рокот од шест месеци, а Собранието сè уште не ги донесе измените на Законот за електронски комуникации. Ако на некоја од следните седници, Уставниот суд ги укине спорните одредби, истражните органи ќе останат без важни докази против идните криминалци.

ЦАРИНСКА ВОЈНА
Реалноста е дека уште од првиот мандат на Трамп, во Пекинг знаеја точно што може да очекуваат при неговото враќање во овалната соба. И барем засега изгледа дека Кина ниту е изненадена, ниту е фатена неподготвена во оваа потенцијална војна од големи размери.

ОПЕРИРАНИ ОД СРАМ
Тоа што едни политичари не си стојат на зборот им помага на другите политичари, кои, исто така, не си стојат на зборот, да се вадат дека не е до нив, дека не се тие виновни, туку се колатерални жртви на околности врз кои немале влијание.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Полетуваме за Рига, главниот град на Латвија. При слетувањето густите облаци ја сведуваат видливоста на нула. Авионот пикира надолу како низ тесто. Забележувам дека пилотите седнати пред нас, во комуникација со контролната кула на аеродромот, ги фаќа нервоза.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Непобитен факт е дека три и полдецениското изопачено функционирање беше возможно благодарение на соучесништво на партизираниот народ со неговата премолчена согласност, клиентелизам, сеирџиство, келепурство и наивност. Тој повторно и повторно гласаше за Курто и Мурто и сѐ остануваше исто.

Ана ПАНОВСКА
Еве и сега, по трагедијата во Кочани, преку трупа се води една хаотична истрага, која, според обемот на приведувањата и притворите, ми покажува едно разводнување на целата „акција“. Народот бара одговорност за оние надлежни лица, кои со „несторувањето“ и игнорирањето на законските прописи директно придонеле за несреќата.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Имајќи го предвид фактот дека и дел од актуелните „борци“ против криминалот и корупцијата имаат свое криминално-коруптивно минато, тешко е да се поверува дека граѓаните во извесно време ќе го дочекаат тој „мил“ ден да живеат без криминал и корупција.