Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЦАРОТ Е ГОЛ
И додека бараме логика во нелогичното, трагедиите никако не запираат. На најболниот начин нѐ потсетуваат дека низ годините сите ние не требало да бидеме дел од замаената толпа и да му аплаудираме со восхит на царот, туку со детска искреност да извикаме дека царот е гол!
ШТЕТЕН МАЗУТ
Во спорните три години, биле испитани 23 мостри при увоз на мазут на „РКМ“, а кај 6 се утврдени отстапувања од квалитетот, па затоа се вратени назад. Освен што увезувал, „РКМ“ купувал мазут и од штипската „Санс АГ“, која ја загуби дозволата за работа.
КРТОТ НА ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ
Постојат одредени сомневања, кој можел да ги изнесе документите од МВР и да му ги даде на сега веќе уапсениот телохранител. Нашите извори тврдат дека станува збор за началник од повисоките ешалони, кој и претходно бил познат по ваквите сценарија.
ЦАРИНАТА НА ТРАМП
Олуката на САД, која според експерти е базирана на погрешна методологија, ќе има повеќе индиректно, отколку директно влијание врз целокупната македонска економија. Речиси 90 отсто од извозот на Македонија оди во Европската Унија, а таа е погодена со високи царини од 20 отсто за сите земји-членки.
НОВИОТ МАНДАТАР НА СРБИЈА
Вучиќ изведе уште еден непредвидлив политички потег со кој сака да купи време и да покаже дека сѐ уште е неоспорен владетел на Белград и Србија. Сепак, јавноста веќе го оцени изборот на Мацут како утешна верзија на Зоран Јанковиќ Меркатор.
ИНДИКАТОРИ И ПОКАЗАТЕЛИ
Богатството и власта се индикатори и показатели за карактерот на човекот. Баш како што огледалото го покажува вистинскиот лик на тој што се смета себеси за најубав и најзгоден, така и моќта е своевидно огледало за вистинскиот карактер.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Грција продолжи да ја задушува нашата економија. Имено, Грците инсистираа ЕЗ да се солидаризира со нивното барање на документите што ја следат стоката од Македонија или кон Македонија, да ја нема ознаката „МК“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Уапсениот полициски „крт“, по партиска основа бил преземен од СВР-Велес во личното обезбедување на премиерот, по предлог на началникот на Шестата управа на МВР, кој, исто така, е од Велес. „Кртот“ и генсекот на владејачкaта партија се другари.
Ана ПАНОВСКА
И, што правиме сега? Како да ги осудиме и да ги пратиме во затвор државните криминализирани, мафијашки институционално етаблирани и заштитени од самите себе структури. Тоа значи да ја ставиме во затвор државата.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Опасно за секоја земја поединечно, но и за целата планета Земја глобално е кога себичните егоистички интереси се ставаат во право место кога се знае дека тие директно ги загрозуваат интересите на сите други.