1539

by admin 22:17
22:17

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА
Во годишниот официјален извештај на „Водовод и канализација“, кој сѐ уште не е прикачен на нивната страна за 2024 година, може да се забележи дека на наменската сметка за изградба на пречистителната станица, подолг период седат седум милиони евра, кои сѐ уште не ѝ се исплатени на германската компанија, која требаше да почне со изградба.

„САПОРТ КОЧАНИ“ – ЗРАК СВЕТЛИНА ВО МРАКОТ!
Младите од „Сапорт Кочани“ не застанаа во својата хумана мисија и не побараа пауза, барем за момент, а не на две недели, да ја симнат тагата и болката од своите плеќи. Истовремено работат и плачат, надевајќи се дека ќе успеат барем да им помогнат на повредените, да им стават мевлем на раните, и заедно да тагуваат.

ДАЛИ ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ СЕ ВО ОПАСНОСТ?
Во тендерските постапки за ангажирање на фирми за сервисирање на ПП апарати  во државните институции и јавните установи доминираат неколку компании, кои нудат цени и од нецел денар за сервисирање. Се поставува прашањето дали оваа услуга се вршела соодветно и дали се вршела воопшто, бидејќи, за еден денар не можат да го набават ниту картончето, а камо ли да ги покријат другите трошоци.

ДВОЈНИ АРШИНИ
Според владата, нов животен стандард на граѓаните ќе биде оскудното покачување од 1.812 денари нето или 2.685 денари бруто, колку што ќе ги чини работодавачите. Со ова покачување, минималната плата ќе биде 24.400 денари, кои не се доволни да се покрие ниту една ставка од синдикалната минимална кошничка.

ПОЛИТИЧКИ СЕРВИСЕРИ
Кај нас, ако зариба СДСМ, го менуваме со ВМРО. Ако почне да треска ВМРО, го вадиме и ставаме СДСМ. Во меѓувреме подмачкуваме со ДУИ и фарбаме со некоја од пајтон партиите, не толку за заштита од корозија, туку чисто за да се одржи демократска естетика. Така, наместо да се отстрануваат дефектите од системот, дефектноста станува составен дел од системот.

ТРАМПОВАТА ЦАРИНСКА ВОЈНА
Ако мерките на Трамп имаат за цел само да ги заплашат конкурентите за подоцна да се седна на зелена маса, тие можеби и ќе успеат во некој дел. Но, ако навистина се оди кон целосно протекционистички пазар и затворена економија, тогаш тоа, и во теорија и во пракса, е однапред осудено на пропаст.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Вечерта, седнати во дворот на резиденцијата на претседателот на Водно, каде што преноќи гостинот, продолжувам со неформален разговор со Столтенберг. Како и сите други разговори со странски министри и дипломати, формални и неформални, и овој се сврти кон „признавањето“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Партиските војници, во својата позиција напредуваа до точка на апсолутна некомпетентност. Со години и децении проблемите ги туркаа под тепих и ги забораваа, а се обидуваа да ги решаваат ад хок дури кога ќе испливаа на површина.

Д-р Милка РИСТОВА
Без способно, чесно и независно судство, ништо не можеме да промениме во државава. Сѐ ќе остане само празни декларации. Кадрите за оваа професија мора да се избираат и унапредуваат од најдобрите, а нив треба да ги бараме меѓу личностите што имаат две важни особини, професионалноста и моралноста да се заедно.