Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„ГЕНОЦИД“ НА МЛАДИНАТА ВО КОЧАНИ
Сликата исполнета со бројни солзи и лелеци вечно ќе го следи Кочани, кој од град на убавината, се претвори во град на смртта. Тие отидоа една вечер на журка, но корупцијата ја претвори ноќта во вечер на хоророт.
ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ИСТРАГАТА ЗА „ПУЛС“
На бината, според информациите на „Фокус“, огнот се обидува да го изгаси Дејан Јованов –Деко, сопственикот на дискотеката. Но, токму, ПП апаратот во неговите раце бил несоодветен. Истиот бил полн со ЦО2, наменет за гаснење на електрични уреди под напон, а не пожар од ваков вид каков што беше во „Пулс“.
ИНТЕРВЈУ | ИЛИЈА АЦЕСКИ
Криците на млади луѓе, меѓу кои и деца на возраст од 12-13 години, кои порачуваат дека „Кочани е мртов град и град клекнат на колена“ и дека не им се живее во земјава поради корупција што им ги одзела животите на нивните роднини и пријатели, ја потврдија колективната ментална траума со која се соочува општеството во моментов.
ВКЛУЧЕН АЛАРМ
Пожарот што изби во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 59 млади лица, го отвори прашањето колку се безбедни другите угостителски објекти низ земјава, но и останатите објекти од приватен и јавен карактер – куќи, згради, градинки, училишта, културни домови, спортски сали…?
БАЛКАНСКИ ВОЕН СОЈУЗ
Декларацијата ако ја прифатат уште Бугарија и Црна Гора (како што е најавено), тогаш Србија буквално ќе остане заобиколена во вистинската смисла на зборот.
ОПЕРАЦИЈА ИЛИ ТЕРАПИЈА
Главната дилема што се појавува при секоја борба против криминалот е во тоа што ако државата практикува нула толеранција и неуморно ги лови глупавите криминалци, тој нискоквалитетен криминален кадар брзо ќе се исчисти, ама на неговото место ќе дојде висококвалитетен криминален кадар, составен само од лукави, внимателни и искусни бандити.
НАГРАДИ „НИКОЛА МЛАДЕНОВ”
Наградите „Никола Младенов“ се од големо значење за различни генерации новинарски пера не само поради посебен пиетет и почит кон придонесот на Младенов, туку и за постојаната борба за слободата, демократијата и плурализмот во независна Македонија.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Тој ден, се прашував самиот што, всушност, сакав јас: со директен телефонски разговор да решам стогодишен проблем меѓу нашите два народи? Не. Иако на студентите им предавам да не ги мешаат личните гледишта со интересите на државите, посакав само да се слушнам со човекот од другата страна на жицата.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Пожарот во дискотеката-кочина, кој проголта 59 млади животи и околу 200 повредени, е парадигма за тоталната ерозија на гнилиот систем Мафијадонија. Три децении изопачено креиран, тимарен и предводен од ликови со кодни имиња „Папа“, „Мона Лиза“, „Гаргамел“, „Патор“, „Невестулка“ и „Ќуран“.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Освен што ја „изедоа“ државата, криминалот и корупцијата целосно ја унакажаа политичката, социјалната, безбедносната, институционалната, психолошката и вредносната структура на општеството. Довербата на граѓаните во политичките партии и нивните „лидери“, како во и институциите на системот е безвременски поразителна.