1537

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

,,ПУЛС” ГО ЗАПРЕ СРЦЕТО НА МАКЕДОНИЈА
Покрај пропустите на низа надлежни институции, кои со години дозволиле непречено да работи кочанската дискотека на смртта, се  увидоа пропусти и во законодавството. Во минатото имало многу построго законско решение, наместо како сега на ,,жими мајка” да се добива лиценца.

 КОЧАНИ Е ПРЕСЛИКАНА НЕСРЕЌА ОД БУКУРЕШТ
Трагедијата во Кочани, според сите бројки, наликува на трагедијата во Букурешт од пред 10 години. Причините за пожарот се слични – палење акустична пена преку употреба на пиротехнички средства или како што ја нарекуваат романските власти – несреќа со огномет.

ВРАТАТА ОД ПЕКОЛОТ СЕ ОТВОРИ ВО КОЧАНИ
Освен кривично-правна одговорност, секој настан со вакви фатални последици подразбира и политичка и морална одговорност. Во таа смисла, дали е доволна оставката на градоначалникот на Кочани?

КУЌА НА СМРТТА
„Фокус“ проверуваше кој стоел во заднина на дискотеката „Пулс“ и кој управувал со ангажираната агенција за обезбедување „Рубикон“? Тука е одговорноста и дали ја има на „исчезнатиот“ градоначалник Љупчо Папазов.

ДНК
Приказната на ДНК остана недовршена, прекината среде реченица, или буквално, среде стих од песна, на кобниот 16 март, во страотниот пожар, во таканаречениот клуб „Пулс“ во Кочани.

ДЕМОНСТРАЦИИ
Останува да видиме како протестите од регионот ќе се одразат или прелеат во трагичното Кочани, а од таму неминовно и во Скопје. Подлога за тоа има, но власта, од друга страна, стави на знаење дека ги чита намерите на невладиниот сектор и дека јасно ќе застане од прв ден на патот на нова шарена револуција.

ЛЕШИНАРИ СО АГЕНДИ
Народот што ништо добро не очекува од надлежните, не може да биде разочаран. Плус, може да биде и позитивно изненаден, ако се понуди минимален, но добар резултат.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во говорот упатувам критика кон Грција и велам: „Европската заедница и самата ја искусува моќта на национализмот и шовинизмот преку поведението на една држава членка…

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
И во Македонија, некогашниот „темен вилает“, битно не се промени ништо. Трагедијата со пожарот во дискотека во Кочани на 16 март, која однесе 59 млади животи и над 160 повредени,  директно е резултат на институционална корупција.

Ана ПАНОВСКА
Бараат одговорност, се закануваат, особено премиерот Мицкоски, сипе закани од ракав кон претходните и веќе сите, без задршка ги осуди и ги испрати зад решетки. Само за своите категорично тврди дека немаат никаква вина.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Секое трпение и веднење глава има крај. Од Црвенковски, преку Георгиевски и Груевски, па до Заев и Ахмети, корупцијата и криминалот на највисоко ниво постојано се присутни и го уништуваат нашиот индивидуален и заеднички живот.