1396

by fokus 19:53
19:53

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Мојот „уметнички впечаток“ е дека нашите политички елити копнеат да се дел од власта поради тендерите, а во Унијата поради европските фондови. Толку од идеологијата и од европските  вредности. Сè е до парите. Да, ама од „тоа“ може повторно да зависи мнозинството

„NO PASARAN“ ЗА БЛАНКО ПРИФАЌАЊЕ НА ТУЃИТЕ ИНТЕРЕСИ
Но, од друга страна, треба да се разбере и гневот на народот, кој искрено почнува да се плаши од клетвата дека ќе го изгуби идентитетот без еден испукан куршум. Како што засега стојат работите, францускиот предлог во оваа форма може да помине само преку употреба на брутална сила што неминовно ќе биде основа за некаков засега сè уште недефиниран брутален одговор.

ОКОЛУ 1.200 ПАЦИЕНТИ ЧЕКААТ РЕЗУЛТАТИ, ВО МЕЃУВРЕМЕ КОЛКУ ПОЧИНАЛЕ?
Скандалот веќе „пукна“, а на површина излезе сѐ што од јануари досега се случувало на Клиниката за радиологија, каде што на снимање одат и пациенти со карциноми, кои, и покрај тешката болест што ја носат, ако не почнат веднаш со лекување, крајот им е загарантиран. Кој ќе одговора за тоа што се случува на Клиниката за радиологија веќе пола година?

ОПОЖАРЕНИТЕ ДРВЈА ЗАВРШУВААТ КАЈ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПЕЛЕТИ, ЧИЈА ВРЕДНОСТ ВРТОГЛАВО РАСТЕ!
За време на големите шумски пожари, само во Делчево, Пехчево и во Берово лани изгоре дрвна маса од 395 илјади кубни метри, во вредност од 24 милиони евра. Досега склучени се договори со приватни компании за отстранување на околу третина од оваа дрвна маса, која се употребува главно за производство на пелети, чија цена порасна речиси двојно во споредба со минатата година. Кои се причините за тоа?

ВЛАДИМИР ТУФЕГЏИЌ: НАМ НИ СЕ ПОТРЕБНИ „ШАРЕНИ РЕВОЛУЦИИ“ ВО КОНТИНУИТЕТ!
До неодамна судија, а по ново адвокат. Владимир Туфегџиќ помина 14 години во Кривичниот суд по што реши самиот да ѝ стави точка на судиската кариера и да премине во адвокати. Разочаран од неможноста за напредок по судските скалила, вели дека предизвикот го гледа во адвокатурата.

МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ БИЛ ДОЦЕНТ КАЈ МЕРКО БЕЗ ПРИЗНАЕНА ДИПЛОМА
Министер кој никогаш не работел друго, освен директор и функционер. Тоа е министерот за образование, Јетон Шаќири, на кого над глава му стои спорно именување за доцент на универзитетот на Мерко во Струга. Токму овој министер треба да го среди образованието, кое одвреме навреме, оти јавноста повеќе ја интересира политиката од образованието, ќе нѐ шокира и освести колку сме неписмени

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БОРАТ (МЕЃУ СЕБЕ) ЗА СВОИТЕ ПРАВДИНИ
Токму затоа што има раздор и тој е сериозен, двете страни ги имаат ангажирано максимално своите ресурси. Баш како во химната, Македонците се борат за своите правдини. Проблем е што се борат меѓу себе, ама додека не заврши таа борба, нема да знаеме за кои правдини конкретно треба да се бориме потоа против другите

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Македонија била и порано окупирана, асимилирана, македонски јазици биле горени и сечени. Па, преживеала. Порано или подоцна, актерите, случајни или со предумисла, излегуваат со покајанија. Ним историјата ќе им суди

Богданка КУЗЕСКА
СДСМ и владата покажаа дека знаат да кажат НЕ, знаат да направат и компромис што ги штити црвените линии. Со што се обидува да нѐ заплашува докажаната политичка криминална структура, од која половина отслужуваат затворски казни? Со бугаризација? Тоа е некаква зараза, вирус што се шири

Ана ПАНОВСКА
Добро знаеме дека ако го одбиеме овој предлог, Бугарија ќе ликува и задоволно, ем ќе си ги трие рацете, ем ќе си ги мие пред Европејците. Тогаш која сенка стои зад Мицкоски, Апасиев и оние трабанти од универзитетски професори и академици? Не е тешко да се погоди

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Маркус Волф почина на 9 ноември 2006 година. Со него во историјата замина епохата на големи шпионски операции, залудни подвизи и уште позалудни жртви. Замина „Човекот без лице“, кој ги преживеа Студената војна и паѓањето на Берлинскиот sид и умре како слободен човек

Стојан АНДОВ
Идејата за автономија на Македонија, во себе ја содржи и мислата за македонскиот народ како посебен народ, со свои, посебни национални, политички, економски и културни интереси, различни и одделни од оние на другите балкански народи

Линдита КАДРИУ
Јас сум фан на Бит-пазар, таму за грст пари изнакупуваш свежи и вкусни продукти. Со време ги учиш продавачите, кој каква понуда и карактер има, те перцепираат и тие тебе, па стигнувате до однос од типот: „Ова не е за вас, што да ве лажам“