1395

by fokus 19:00
19:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ситуацијата ни е доволно наелектризирана што изгледа речиси безизлезна зашто никој не попушта. Да се сугерира лидерска средба, ем изгледа како невозможна мисија, ем и да се сретнат, пак ќе си тераат потоа по старо. Ако не и бетер!

БУНАР БЕЗ ДНО
Автопатот Кичево – Охрид, делница од 57 километри, што требаше да биде реализиран до 2019 година и да чини 411 милиони евра, веќе чини над 620 милиони евра, или речиси 11 милиони евра по километар.

„ОТРОВНОТО ЈАБОЛКО“ НА МАКРОН
Евроскептицизмот е на највисоко ниво во историјата, а неизвесноста за францускиот предлог продолжува. Ќе го загриза ли Македонија отровното јаболко на Макрон?

НЀ ИЗДРИБЛАА НА ПАРИСКИ НАЧИН
Бугарија, овојпат под директно и нескриено француско менторство, на елегантен начин успеа да ни го зададе фаталниот удар. Следуваат притисоци врз нашето раководство да прифати нешто што не е за прифаќање

ПРИМИРЈЕ НА КОНЕВСКИ И МИЦКОСКИ?
По кавгите на екс градоначалникот Ивица Коневски, со новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, се чини дошло до примирје. Адвокатот Коневски изненади со бизнис-соработката со новиот градоначалник на Кисела Вода, близок соработник на Мицкоски.

„ПЕЈПАР МИЛ“ ИЛИ „ПЕЈПАР КИЛ“?
Фабриката „Пејпар мил“, по утврдено загадување, запре со работа. Во меѓувреме, одбројува и часовникот во обвинителството, кое треба да одлучи дали жителите на Кочани во судница ќе се соочат со бугарската компанија.

СЛУЧАЈ „ТАЛИР 2“
Патот до конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде ниту краток, ниту лесен. Судот ја поништи хипотеката на Белата палата, но банката не го простува кредитот од 3 милиони евра што го зела партијата.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ОДБИВАЊЕТО
Добрата страна на одбивањето на ЕУ, да ни даде… датум, е што тоа е добар поттик да се размислува за алтернативи. Не мора да размислуваме за трајна врска со можност и за долгорочен брак, туку онака, за забава и без обврски.

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ножот во грб што ни го удри Бугарија во дваесет и првиот век уште долго време ќе боли многу повеќе отколку нејзините подли политики и окупации во првата половина на дваесеттиот век.

Перо КОСТАДИНОВ
Балканот денес е супстратот, кој, според многумина, може да ја излечи Европа и европската идеја, која е инфицирана со затвореност и нетолерантност кон различниот од себе.

Александар НИКОЛОВСКИ
Бугарската држава сака да се препише делот за Втората светска војна, да се изврти и, условно кажано, да се ублажи. Тоа е на линија на негирањето дека за време на Втората светска војна, тие беа тие што ја окупираа денешна Македонија.

Ана ПАНОВСКА
Оваа влада баш не им се погоди на новинарите, таа нема баш многу време за татлање по кулоарите и за ТВ-седенките за пополнување на програмските шеми.

Реџеп ИСМАИЛ-ХАКТАН
Зошто не сме сигурни дека можеби и не е баш одбиен предлогот? Па, затоа што сведоци сме на контрадикторни изјави од страна на официјалните претставници на нашата влада!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во менталната есенција на токмаците е вгнездена забеганост и алчност. Готови се да го продадат најсветото, само да бидат на власт. Се умилкуваат и молат пред тие што ги газат.

Стојан АНДОВ
Непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија е дел од анахроната бугарска политика, како резултат на илузијата за Санстефанска Бугарија и нацистичката теза- „една држава, еден народ“.

Линдита КАДРИУ
За што го земате кредитот? Па, за облека, шетање по Европа, музика и книги… Ама не можам да напишам така… се спогодивме во документите да стои Реновирање кујна. Тие два месеца живеев како газда.