1393

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И додека се занимаваме со „големите теми“, како да забораваме дека она што многу полесно и повеќе може да нѐ уништи од сите здружени „домашни и  странски непријатели“ е корупцијата, како и јавашлукот, неодговорноста и негрижата. Но, пред сѐ, неказнивоста. Џабе ќе ни бидат пароли дека сме за ЕУ и НАТО! Нема да бидеме за никаде

ОД ДРУГ АГОЛ
Да биде колку за сеир, поради Македонија се случува колективна распаљотка во „Источна Бугарија“. Кој напушта Влада, некој е обвинет дека работи за мафијата, излегуваат секси „бомби“, пратеници се одметнуваат… Малку мириса како кога се крчкаше запршката на Договорот од Преспа кај нас. Што ли ќе донесе новата епизода од овој крими-психолошки трилер!?

ПАPТИСКИ ПРЕВИРАЊА
НСДП е последната партија што мина низ процесот на внатрешни превирања и чистки, откако повлекувањето на долгогодишниот лидер отвори простор за размена на обвинувања и битка меѓу различни кланови. Нешто слично, ама не со толкав обем, се случи во ГРОМ по одлуката на партијата да ја напушти опозициската коалиција.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „РЕМЕДИКА“?
Болницата се наоѓа во алармантна состојба со недостиг на кадар, нарушени меѓучовечки односи, раскаран персонал, потпишани договори од илјадници евра за дел од лекарите и медицинскиот персонал, кои сакаат предвреме да го напуштат „бродот“. Најмногу понуди досега дошле од бизнисменот Орце Камчев, а се шпекулира дека постојат преговори за продажба на болницата и тоа со двајца поранешни функционери.

ОТВОРЕН БАЛКАН
Присуството на Дритан Абазовиќ и Зоран Тегелтија во Охрид јасно кажува дека под притисок на меѓународниот фактор и БиХ и Црна Гора се веќе на портите на Отворен Балкан. Од друга страна, се создава сериозен фронт предводен од Албин Курти и Сали Бериша, кој веќе гради нова политичка кариера со „противење на новата српска хегемонија“ како што тие го нарекуваат овој проект.

УКАЖУВАЧИ
Законот за заштита на укажувачи стапи на сила во 2016 година. Но, колку тој навистина ги штити оние кои одбиваат да молчат на прекршувања на законите? Во Македонија популарно наречените свиркачи најчесто завршуваат како дел од судскиот процес во улога на обвинети. Таков беше и случајот со службеничките од Централниот регистар.

„ЕКСПЛОЗИЈА“ НА ПРАВДАТА
 Во 2018 година, семејна куќа во Куманово се стресе од експлозија на бомба, која заврши на една од терасите. За среќа, никој не беше повреден, но намерата била очигледна. Беше откриен нарачател, посредник и извршител на нападот. Посредникот се спогоди и призна сѐ, извршителот доби висока затворска казна, а нарачателот, кој е имотен бизнисмен, е на слобода. За Апелацискиот суд тој е непресметлив и треба да се лекува на слобода!

ГУБИТНИШТВОТО Е ПРАШАЊЕ НА НАВИКА
Aко денеска си сервилен кон еден центар на моќ или чекаш од една партија да те спаси, а од утре станеш сервилен кон друг центар на моќ и чекаш друг лидер да те поведе, ништо не си променил. Промената е ако престанеш да бидеш сервилен кон било кого и да престанеш да очекуваш од партии и лидери спас и водство. Сѐ додека изгледаме лузерски, ќе бидеме лузери

 

Колумнисти:

Стефан БОГОЕВ
Учителката на животот не учи следново: Секогаш кога е тешко, СДСМ ја зема одговорноста на свој грб и сите стратешки одлуки за државата се направени во време на СДСМ.

Александар НИКОЛОВСКИ
Во 19 век кога е изградена познатата линија од Берлин до Багдад, која поминувала по средината на Македонија, познатиот “ Ориент експрес“ побрзо патувал до Скопје, до Белград или до Солун отколку возот  денес. Во време кога Србија и Грација развиваат брза пруга, Македонија скоро и да нема никаква функционална железница

Стојан АНДОВ
Со Берлинскиот договор било определено Македонија и понатаму да остане под турска власт, како турска провинција, да добие свој статут (Устав), т.е. државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Османлиското царство, со свој гувернер и главен командант на војската

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Логичното прашање е зошто се случува таблоидизација на општеството? Одговорот е мошне едноставен: поради незадоволството и фрустрираноста на народот, кој како таков претставува добра мета на сите оние што можат да го вперат прстот во некој и да кажат: „Овој е виновен за вашите проблеми“!

Линдита КАДРИУ
Годинешното издание на Војдан Чернодрински беше смотра на претстави, без вообичаената атмосфера. Остана нејасно како една манифестација поддржана од Министерство за култура, општината и од видните прилепски компании не успеа да обезбеди престој, макар неколкудневен, на театарските трупи, а без тоа нема фестивал