1392

by fokus 19:51
19:51

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Јас не сум и не може да бидам Ламбе Алабакоски. Но, сакам да видам дека мојата држава навистина се труди да станеме пристојно место за живеење, а не „село без кучиња“, во кое владее безредие

ОПОЖАРЕНО ВОЗИЛО И ПРИТИСОЦИ
Веќе три месеци, МВР и Јавното обвинителство го истражуваат случајот со опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори, кој беше подметнат на 25 февруари, еден час по полноќ. За овој случај и двете надлежни институции веќе отвориле предмети, а на разговор во полиција на 12 мај била повикана и актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска

МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ СПОР
Веќе отворено се зборува дека спорот со Бугарија мора да биде решен до крајот на месецов. Со оглед на дипломатскиот притисок, нашето неискуство и посилната меѓународна позиција на Софија,  веројатно ќе успеат дел од билатералниот спор да внесат во преговарачката рамка со ЕУ. Проблем е и што сево ова се одвива под патронат на Франција, која има многу посилни релации со Бугарија

БОРЧЕ ДАВИДКОВСКИ: ГРАЃАНИТЕ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД УСЛУГИТЕ ОД ПРЕВРАБОТЕНАТА, ПАРТИЗИРАНА И НЕУКА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
И многу поразвиени држави не можат да издржат ваква гломазна администрација. Иднината е, или во вистински реформи, или во ново задолжување и во блиска иднина да очекуваме грчко сценарио, односно банкрот на државата“, вакви се оценките на професорот Борче Давитковски за областа за која е експерт – административното право.

УСТАВНА КРИЗА
Истакнати правници го поминале партискиот филтер, а никој во јавноста не знае за нивната богата правна кариера. Вака познавачите го коментираат изборот на уставните судии. Токму партиските притисоци го десеткуваа Уставен, кој, наместо со девет, работи со петмина судии и сѐ уште е неизвесно кога ќе се пополнат испразнетите места

ТРКА ЗА ОБВИНИТЕЛСКИ ФОТЕЛЈИ
За неколку месеци, обвинителите ќе влезат во изборна трка, бидејќи ќе се избираат шефови на обвинителскиот врв. „Фокус“ открива дел од кандидатите и фаворитите што ќе седнат на челните позиции на Републичкото обвинителство, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Вишото скопско обвинителство. Првите калкулации веќе почнаа, односно во моментот е затишје пред бура, која следува наесен

ПАРТНЕРИ ИЛИ СОЈУЗНИЦИ
Ковачевски може до сабајле да дрнда дека биле со ДУИ посветени на заеднички проекти, имплементирање на прогресивни политики и реализирање на стратешки процеси, ама тој би бил пресреќен ако утре на избори лапне 61 пратеник за да не мора Али Ахмети ни два отсто да го тинтра. Ама нема 61, па мора да трпи

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Прославата на СДСМ/ДУИ е се она што не требаше да биде по оној перформанс со чевличките пред Влада.Чевличките пред Влада од пред шест години влегоа во власта. Сега нема чевли пред влада, сега чевлите забрзано се иселуваат. СДСМ и ДУИ прославија 215.000 работници, цели семејства иселени

Васко КИЧЕВСКИ
Ниту еден од  проблемите не може да биде решен за 6 месеци. Но по 6 месеци власт се излегува со конкретен и веќе разработен план и со роковник за тоа како ќе изгледа Скопје за 4 години, како и план за развој на Скопје за наредните 15 години.

Ана ПАНОВСКА
И тоа само на една година. Зашто, ако останат подолго и нив ќе ги испорасипеме, ќе им ја најдеме слабата точка: кафеани, музики, преубава јадачка, уживанција, убав свет, прекрасна природа, сончевина, забави, спорт и рекреација. Во таа година, додека се имуни на нашите навики и менталитет, белки на нешто ќе нè поднаучат

Стојан АНДОВ
Големите сили, особено Австро-унгарија, Британија и Франција, не биле задоволни со содржината на Санстефанскиот договор, кој бил склучен меѓу Русија и Турција во март 1878 година. Сметале дека на Русија ѝ биле дадени преголеми отстапки, особено излезот на Егејско Море до Солун и Кавала преку бугарска територија. Поради тоа, под закана со војна, тие го иницирале новиот мировен состанок

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Која е користа што Бугарија и Бугарите како народ ќе ја имаат ако ние Македонците и Македонија остане надвор од евроинтеграциските процеси. Се разбира ако не се работи само за задоцнетиот пубертетски империјализам кој сонува за Бугарија како држава од Охрид до Црното Море и од Егејот до Дунав

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Поразителен е фактот што во Македонија нема повеќе од седум-осум илјади редовни читатели на книги, а горе-долу толкав е бројот и на читателите на весници и списанија. Најмногу се тие што не прочитале книга откако ги напуштиле училишните клупи, ниту, пак, со пример и однесување придонесуваат за правилно воспитување и образование на своите деца

Линдита КАДРИУ
Собирот во чест на  професорот по кривично право Ѓорѓи Марјановиќ потврди дека најголемата оставштина се авторитетот и маркантноста, а нема подобро чувство за семејството кога нивниот близок, сега физички отсутен, продолжува да живее во луѓето.