1387

by fokus 19:37
19:37

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Откако стана јасно дека Аце Македонски отиде јабана како жртва на македонско-грчкото пријателство, крајно време е споменикот среде Скопје да се „надгради“ и „надвиши“. А, има ли позаслужна личност од лидерот на ДУИ, Али Ахмети?

ОД ДРУГ АГОЛ
Ни станува нормално што Ковачевски е многу попријателски настроен кон бугарскиот колега Петков отколку кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Е Мицкоски условувал со предвремени избори и се заканува „со сериозни и досега непрактикувани чекори“ што, сепак, е помалку страшно од тоа со што се не условуваат бугарските фактори, па дијалог има!

СЕ ТОПИ ЛИ „ИМПЕРИЈА“?
Од Судот за човекови права деновиве се очекува клучната одлука, дали ќе се урнат предметите на СЈО, односно дали ќе оживее аболицијата на екс претседателот Ѓорѓе Иванов. Во меѓувреме, на домашната правна сцена пак се кршат копјата околу случајот „Империја“. Но, тоа ја отвори дилемата, дали со откривањето дека и Мијалков размислува за спогодба, случајот уште непочнат е веќе зрел за пред Стразбур?!

МАЛИТЕ ПАРТИИ ГО БАРААТ ВЕТЕНОТО
Откако измените со кои Македонија треба да стане една изборна единица цела година беа заглавени, во март конечно влегоа во собраниска процедура. Но, дали ќе наидат на нова блокада во собраниските лавиринти? Претставници на помалите партии, најавуваат можност за напуштање на владејачкото мнозинство доколку до тоа дојде.

КРИЗАТА УДРИ ВРЗ БИЗНИСОТ
Додека јавниот сектор секојдневно штрајкува, цените не растат само за нив, растат и за приватниот сектор. Кризата им донесе финансиски загуби и на фирмите кои ќе ја нарушат ликвидноста и ќе го доведат во прашање опстанокот на компаниите и работните места

ИЗЕТ ЗЕКИРИ: СВЕТСКАТА КРИЗА ПОКАЖА КОЛКУ НЕДОМАЌИНСКИ СМЕ МЕНАЏИРАЛЕ СО ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА
Ерозијата на образовниот сектор и долгорочните импликации на општеството што тоа ги носи, несоодветното менаџирање со економијата и опасностите што нѐ демнат на енергетски план, задолжувањето како несоодветна замена за дознаките од странство и секако огромната и неефикасна администрација како рак рана на нашето општество. Ова се само дел од темите за кои разговаравме со академик Зекири.

КОМУ МУ ПРЕЧИ ЈАК СПОМЕНИК
Спомениците на луѓе од минатото не се прават за мртвите, оти нив веќе ги нема, туку се прават за живите кои уште се тука. Тие само на прв поглед говорат за славното минато, ама во реалноста, повеќе говорат за килавата сегашност

 

Колумнисти:

Александар НИКОЛОВСКИ
Би сакал да истакнам една од 14-те пресуди на Европскиот суд- за одбивањето да се регистрира „МАКЕДОНСКИ КЛУБ ЗА ЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА ВО БУГАРИЈА“. Што е спорно ако се регистрира македонски клуб за етничка толеранција, кога етничката толеранција е највисока цел на ЕУ и на Советот на Европа?

Стефан БОГОЕВ
Успешни се оние луѓе и народи кои учат на грешките од минатото и историјата ја сметаат за учителка на животот. Да не дозволуваме празните зборови и пизма да ни предизвикаат колективна амнезија. Да не заборавиме каде бевме, а каде сме сега.

Ана ПАНОВСКА
Ние како да немаме поети, писатели, научници… просветителски и културни дејци. Само комити, војсководци, „цареви“ и револуционери

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Уште сега може да се каже дека возот за ЕУ, во кој билети издава и ред создава Бугарија, без оглед на тоа кој се вози во него, со сигурност ќе заврши на слеп колосек во Небиднина

Линдита КАДРИУ
Фуриозно беше запознавањето со Унковски, предвечерие, 2009, Круг во Дебар маало: благата возбуда што ја чувствував дента  испари во првите минути. Толку многу сакав да го слушам, да споделам за неговите претстави овде и во Белград:

Стојан АНДОВ
Бугарската партиска раководителка Цола Драгојчева објави неколку книги во седумдесеттите години на минатиот век во кои тврди дека Бугарија и БРП (Бугарска работничка партија) воделе правилна политика, а спротивно на нив била политиката на Тито во Југославија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Фејк разузнавањето беше основна причина повеќе моќни и респектабилни разузнавачки служби да ја утнат прогнозата за развојот на ситуацијата во Украина и не предвидат дека Русија ќе изврши инвазија. Македонија, без дилема, унисоно се изјасни против Русија и солидаризира со НАТО и САД, бидејќи кај нив се стапот и морковот