1346

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И на Џолев лично му нуделе рушвет, или бакшиш, да се заврши полесно некоја работа и да се добие пресуда, ама тој ги одбивал. Изгледа ни на крај памет не му било дека не само тој што зема, туку и оној што нуди корупција прави кривично дело. А, за пријавување корупција – мало морген! Затоа и судството и државата ни се таква какви што се

ТАЈНИОТ ИМОТ НА БЕГАЛЕЦОТ
Кога станува збор за тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски, на изненадувањата им нема крај. Најновото е дека на една на парцелите на Водно, бегалецот сакал да гради огромна палата во барок стил со  1.300 метри квадратни, со плус еден кат, со што би се дуплирала квадратурата.

КОЈ ГИ ДОБИВА ТЕНДЕРИТЕ ВО СТРУГА?
Нова фирма со тројца вработени го осветлила речното корито на Црн Дрим. Иако општина Струга беше една од најзадолжените општини, сепак, градоначалникот Мерко не штеди, па троши и за ауди, и за осветлување, а меѓу фирмите има и гланц нови, но и редовни муштерии

ФОКУС ОТКРИВА:
Дваесетина компании останале без концесија поради неплаќање на концесискиот надоместок или поради загрозување на јавниот интерес и безбедноста на жителите, додека дваесетина субјекти заработиле и кривични пријави за незаконска експлоатација на минерални суровини. Во меѓувреме, одредени активни концесионери истовремено добиваат и голем број на вредни тендери. Еден од нив, дури, индиректно финансирал изборна кампања на политичка партија…

КАТЕРИНА ТОДОРОСКА: ДЕЦАТА УЧАТ ОД МИНИСТРИТЕ  ДЕКА И СО КУПЕНА ДИПЛОМА  МОЖЕШ ДА БИДЕШ ФУНКЦИОНЕР
Катерина Тодороска е редовен професор на Институтот за Национална историја на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е и една од основачите на партијата Демократи. Професорката одлучи и партиски да се активира разочарана од случувањата во образовниот сектор. Таа во интервју за „Фокус“ раскажува со какви проблеми се соочува македонското образование, за фалсификуваните дипломи, за лошата Кембриџ програма, која ги доуништи учениците…

ИСТРАГИ ЗА КРАЖБИ НА КРИПТОВАЛУТИ
Еден македонски граѓанин изгубил еден милион евра, откако му биле украдени криптовалутите од неговиот паричник. Друг наседнал на измама на интернет и му го испразниле крипто паричникот, на кој имало валути кои тогаш вределе 380.000 евра. „Фокус“ со детали за тоа како Македонци остануваат без своите криптовалути, најчесто поради небрежност и незнаење

ПРЕГОВАРАЧКО ОПШТЕСТВО
Кога една нација има коцкарски менталитет, таа избира свесно политичари што се хохштаплери зашто секој од гласачите коцкари верува дека токму нему ќе му се падне главната премија. Затоа не му е гајле што сите страдаат, кога тој очекува лично да ќари. И не му е гајле што самиот страда зашто се надева дека еден ден ќе му се насмее среќата и тогаш ќе заборави на страдањата низ кои поминал

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Немало корупција во судовите, граѓаните биле корумпирани, вели Иван Џолев. Тие давале пари, корумпирани биле. И медиумите биле виновни, ги убедувале луѓето дека судството е корумпирано! Луѓе и нему му давале, да речеме, бакшиш, а тој им викал „Ве молам“! Ете, така, и не ги пријавил

Линдита КАДРИУ
Празничните посети се и барометар за расположението на народот, што во превод значи разочараност од состојбите. Прикажуваат и за слабото образование, некадарниот кадар, нејасните учебници, посебно copy-past универзитетските, од кои и да сакаш не можеш на учиш, уште помалку да научиш. Да ги слушнете за градоначалничката што зборуваат, благо речено: ниеден задоволен, а и како би имало задоволни!?

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако малку се разбуричка во матната вода на оваа криминално-коруптивна афера ќе се види дека нема позначајна фирма или поединец од територијата на подрачјето на Апелациониот суд во Штип кој не бил вовлечен и предмет на рекет во пајаковата мрежа на судијата Стојанче Рибарев

Јанаки МИТРОВСКИ
Во 2020 година во Германија се отвори првиот концентрационен логор за Ковид непослушни. Во истата земја во која во 1933 година се отвори првиот конц логор за политички противници, подоцна Евреи и други. Кој парадокс?! Време е да најдеме нови теории на заговор. Речиси сите стари се остварија.

Стојан АНДОВ
Нека не ми се лути никој од македонските сегашни политичари, ама според моето искуство, не само Заев кој се колеба, туку и сите други,  не смеат да направат будалштина на штета на нашата држава и граѓаните на нашата земја. За мене е голем знак поддршката што на Македонците ја даваат сега албанските граѓани во Македонија. Тие во убедливо мнозинство одбиваат секакви отстапки на Бугарија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Сè додека постојат Каини, ќе има и Авели. Нивните комплекси остануваат најголемиот дефект и опасност во процесот на нулирање на македонизмот. Шашаво, ама упорно, статус кво партиите и нивните челници, во темелите на македонизмот перманентно вградуваат потпросечен човечки материјал!