1302

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Изгледа најбитно е како да се најде чаре за „своите“, а потоа ќе мислиме за реформи во јавната администрација. И така имавме и премногу реформи, ама неуспешни! Сѐ може да почека

БИЗНИСМЕН ОТПОРЕН НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОМЕНИ
Признанието на битолскиот стопанственик Силјан Мицевски дека финансирал политички партии се доведува во корелација со милионските тендери што неговата компанија „Пелистер“ ги добива од АД ЕСМ за ископ на јаглен во рудниците на РЕК „Битола“, која од 2008 година досега склучила договори во вредност од над 150 мил. евра

ЛЕСНО НА ХАРТИЈА, ТЕШКО ВО ПРАКСА
„Фокус“ разговараше со првите луѓе на институциите што се клучни во спроведувањето на проверката на имотот и прочистувањето во судско-обвинителските редови. По 30-годишни обиди за реформи, дали конечно судиите и обвинителите ќе носат одлуки во името на граѓаните

ДРАГАН ДАНИЛОВСКИ: САМО ДВЕ НЕДЕЛИ, 90 ПРОЦЕНТИ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ДА НОСЕШЕ МАСКИ, НЕМАШЕ ДА ИМА НИТУ ЕДЕН ЗАБОЛЕН
Во интервју за „Фокус“ објаснува што нѐ очекува есенва со Ковид 19, дали ќе се зголемуваат бројките, дали имаме доволно лекари и здравствени капацитети ако се разгори заразата…

НЕСРЕЌА ИЛИ ПОДМЕТНАТ ПОЖАР
Против Инспекторатот за животна средина немало активна истрага, па некој да имал „мотив“ за да подметне пожар, но случајно или не, таму ќе се менува раководниот кадар. Наместо директорот од ДУИ, на жешкото столче најверојатно ќе седне кадар на ДОМ.

СРПСКО-КОСОВСКИ ДОГОВОР ОД ВАШИНГТОН
Доколку се промени власта во САД, а тоа може да се случи за неполни три месеци, многу е  веројатно овој договор заедно со потписниците да стане цел на исмевање и напади од сите страни на светот, а политичката кариера на Александар Вучиќ сериозно ќе биде доведена во прашање.

ДОБРАТА СТРАНА НА РАСКОЛИТЕ
Ако мора да има раскол во некоја партија, а мора оти секоја сериозна партија поминала низ раскол, тој е најдобро да се случи кога таа не е на власт, па ниту има многу гласачи за „делење“, ниту, пак, пари и привилегии околу кои може да избијат жестоки кавги

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Пратеничката линија е основната нишка што ги поврзува сите во бизнисот за изградба на фабрика и плантажа за марихуана во Босилово, за да се фати првиот воз за лиценца, иако на терен немало ништо. Се истуркал проект „легализација“ на нешто што не постоело и што веројатно и не смеело да постои.

Ана ПАНОВСКА
Политиката на  ВМРО-ДПМНЕ, со која се прогласува самата себе за „душегрижник“ на македонскиот народ и заштитник на македонскиот национален идентитет, сè повеќе ја оддалечува оваа партија од реалноста, без разлика за која внатрепартиска фракција се работи

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Единствените фактори од кои зависи иднината на Македонија се САД и ЕУ. Таа останува и натаму модус вивенди држава. До кога? Додека не престане програмираната разваљотка и не се отрезнат неотрезнетите!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Актуелната влада на Зоран Заев нема и не ќе добие сто дена на располагање за да почне со борбата против криминалот и корупцијата. Напротив, таа, од ред причини, е соочена со нужноста првичните резултати против ова зло да ги испорача токму во првите сто дена. Сѐ друго ќе биде на нејзина штета

Мила ЦАРОВСКА
Единствената национална платформа за онлајн-учење ги поминува последните тестирања. Наскоро ќе ѝ ја презентираме на јавноста и верувам дека ќе ја засакаат сите, и учениците и наставниците. Оваа платформа ја правиме за да ни го олесни учењето, но и да ни го осовремени образованието

Арбен ТАРАВАРИ
Реалниот резултат на последните избори, не оној наместениот, туку вистинскиот, зборуваше за извонредно слабеење на клептократите. Тие се толку слаби што треба да користат разно-разни патерици за да преживеат

Стојан АНДОВ
Она што е воочливо е дека ние имаме многу скапа власт во државата. Скапа власт, која ги надминува и потребите и уште повеќе можностите на државата. За таков потфат, за преуредување на државната власт, потребно е разбирање и одговорност и на власта и на опозицијата, што сега недостасува