1222

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Со успешни избори и постигнат цензус, Мицкоски може да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на европската политичка мапа. Со масовна мобилизација на членството и глас за Пендаровски, Ахмети може да ја спаси коалицијата ДУИ-СДСМ, а со победа на чисти претседателски избори, Заев може да го ревитализира разнишаното водство и доверба во СДСМ. Во спротивно, сите може да загубат многу!

ПОЛИТИЧКО ИЛИ НАУЧНО СЛЕПИЛО
Што убаво се контролираа законодавната, извршната и судската власт во грујово време, што навистина е човек да се расплаче … не од автократот Заев, туку од политичките и правни анализи на една професорка од Правниот факултет. Небаре Груевски сон немаше од уплав дали ќе му помине некој предлог во собранието. Страв во коски имаше од „сваровски“ судството и од обвинителите!

СЈО ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ФУНКЦИОНИРА, АМА ЗАУЗДАНО
Новото законско решение за СЈО е меч со две острици. На „бомбите“ им е ограничена употребата. Ако помине во ваква форма, ќе го победи Јово Вангеловски, но ќе му ја донесе и слободата на Али Ахмети и на уште неколкумина осомничени. Затоа и понатаму останува на сила паролата: „Нема правда, нема мир“!

РАМУШ ХАРАДИНАЈ: СО ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО, МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАТВОРИ ПРАШАЊАТА ЗА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИТЕ
По затворањето на македонското прашање за името, следно прашање во регионот што чека решавање пред интеграцијата на балканските земји во НАТО и ЕУ, е косовското. Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај одбива да ги укине царините кои се услов за продолжување на дијалогот со Белград и се противи на идејата за размена на територии. Со премиерот Харадинај во Приштина разговаравме за овие актуелни прашања и за односите на Косово со Македонија, како и за перспективите на земјите од Балканот

ПАРТИСКА БИТКА ПРЕКУ НЕПАРТИСКИ КАНДИДАТИ
Стево Пендаровски може да се смета на поддршка од Албанците, додека Гордана Силјановска – Давкова може да ги привлече сите разочарани етнички Македонци. Албанската опозиција, пак, која го поддржа Блерим Река, при тесен резултат во првиот круг може да се покаже како клучен фактор во вториот изборен круг

КОЈ ЌЕ ТЕ ЗАШТИТИ ОД ЗАШТИТНИЦИТЕ?
Ниту Гордана, ниту Стево не треба да стравуваат премногу од валканите потези на непријателот. Оти јасно е дека, најлесно нож во грбот може да ти забијат токму тие што први ќе застанат зад тебе. Заштитниците можат да те заштитат од непријателот, ама кој може да те заштити од заштитниците?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Поради ваквата надворешна политика, нашата држава беше доведена на работ на пропаста од страна на домашната политика. Тој што ова не го прифаќа и по триесет години, туку бара додатни пет години да се обиде со истата политика да ги „поправи“ работите со Преспанскиот договор, не е само човек со затворен ум, туку и човек свиреп кон сопствениот народ

Сашо ТАСЕВСКИ
Што мислите, во Саудиска Арабија сечат рачиња за кражба зашто сакаат насилство? Или во Кина стрелаат за корупција, зашто им се убива? Па не, нормално. Само, таму се поискрени од нас. Поискрени кон себе. Се погледнале луѓето во огледало и си признале: Не сме ние за демократија, граѓански права, таблоидни закони

Ана ПАНОВСКА
Рано му е на Заев, според неговото презиме уште сега да му промовирате цел еден нов правец во политиката со такво епохално значење на државата. Да е Сталин жив, баш би се налутил. Сталинизам, груевизам… бре, тоа мора да се заслужи, а не овој Заев за толку кратко време и оп – „заевизам“– како да вовел нов филозофски правец!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако не се спасат „ранетите“, се ризикува да загине и самото СЈО. Што ќе значи тоа за правната држава и нејзината европска перспектива во тој контекст и не е важно. Важно е што и политичарите ќе бидат сити и криминалците на број, само правото и правната држава ќе бидат изедени

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот неизбежен партнер ДУИ, кој дејствува како трговска фирма со неограничена неодговорност, немаат абер, ниту волја за вистински реформи во судството, безбедносните служби, јавната администрација и борбата против корупцијата